Browsing: СПОРТ
Португалецот ја пресече „старата дама“ со „ножички“ во 64. минута, момент за кој беше награден со аплауз од трибините на „Јуве арена“, патем го постигна и првиот гол и асистира за третиот во блескавата партија на „кралевите“ кои славеа со 3:0 и уште од сега може да се прогласат за полуфиналисти во натпреварувањето
„Црвено-белите“ го совладаа Морнар со 88:69 (по четвртини: 26:19, 26:18, 16:19, 20:13) за конечни 2:1 во полуфиналната серија подобар од три со што обезбедија пресметки со Будуќност за тронот во регионалното натпреварување. Шампион ќе биде екипата која ќе стигне до три победи во финалето. Серијата за титулата почнува на 9 април во Белград
Македонскиот репрезентативен напаѓач го постигна 13. гол во оваа сезона во дресот на сицилијанците кои имаа задоцнет финиш во дуелот со Парма чии фудбалери славеа со 3:2 во последниот меч од 33. коло
Промената на лидерската позиција дојде како резултат на губењето на бодови на Роџер Федерер по раната елиминација од Танаси Кокинакис од Австралија во второто коло на Мастерсот во Мајами, па Шпанецот има 100 бода повеќе од Швајцарецот. Романката, пак, навлезе во 22. недела на владеење во женскиот тенис
Британски „Сан“ ги објави и пиковите на кои ќе се фокусира Мурињо по завршување на сезоната. Меѓу желбите на Португалецот, според медиумот, се Жоржињо од Наполи, Алекс Сандро од Јувентус, Ектор Белерин од Арсенал и Тоби Алдервилд од Тотенхем. На излезна врата, пак, се Дели Блинд, Матео Дармијан, Маркус Рохо, Крис Смолинг и Фил Џонс
Голем број на фудбалери се соочија со законот за тешки кривични дела, а по издржување на затворските казни се вратија на најважната споредна работа во светот. Дел од нив (според некои податоци ги има преку 120) се звучни имиња и со статус на репрезентативци во своите земји
„Старата дама“ ги совлада „росонерите“ со 3:1 во дербито на 30 коло во италијанскиот фудбалски шампионат и се „одлепи“ на врвот на табелата од наполитанците кои одиграа само 1:1 на гостувањето Сасуоло (1:1)
Американката во финалето на Мастерсот во Мајами ја совлада Јелена Остапенко од Летонија со 7:6, 6:1 за нешто повеќе од еден час игра пришто што имаше голема помош од грешките на актуелната освојувачка на Ролан Гарос
Хет-трик за Баварците постигна Роберт Левандовски во петтата минута, во 44. и во 87, во листата на стрелци се впишаа уште Родригез во 14., Милер во 23 и Рибери во 45.
Парите требало да ги уплатат на холандски Феенорд за трансферoт на Стефан де Фрај
Почнувајќи од наредната сезона, тренерите ќе имаат право да направат и четврта замена, но само во случај на продолженија, а финалистите ќе може да имаат до 12 резервни играчи што, на пример, е случај во Италија, пресметките во ЛШ и во ЛЕ од септември ќе почнуваат во 18,55 часот и во 21 часот, а клубовите во зимскиот преоден рок ќе добијат дозвола за промена до тројца фудбалери без никакви рестрикции
Заборска го освои златниот медал во категоријата 55 кг. на Балканското првенство во карате