Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од лисици во копачки: Убијци, силувачи, дилери, педофили се вратија во фудбалот

0
By Нова ТВ on April 2, 2018 СПОРТ
Фото: foottheball.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 2, 2018 13:53

Фудбалот како алатка за ресоцијализација по издржување на затворска казна. Најважната споредна работа во светот познава бројни примери на играчи кои се вратија во копачки по минат период зад решетки. Меѓу нив (според некои информации ги има преку 120) и звучни имиња од кои дел и со статус на репрезентативци на своите земји. Ова се само некои од фудбалерите кои се соочија со законот по сторени тешки кривични дела.

Бруно Фернандез де Соуза – осуден за убиство

Поранешниот голмански репрезентативец на Бразил доби затворска казна од 22 години. Беше осуден за сурово убиство на девојка (мајка на неговото дете) чие тело потоа го распарчил и ги хранел своите кучиња. Зад решетки мина седум години (2010-2017) и по поднесената жалба беше пуштен во февруари лани. Но, бразилскиот суд нареди повторно негово апсење во април.
Во двата месеца на слобода потпиша двегодишен договор со бразилскиот второлигаш Боа Еспорте и покрај жестоките простести и негодувања на навивачите. Како резултат на тоа, три спонзори (CardioCenter, Nutrends Nutrition, Magsul) ја прекинаа соработката со клубот од сојузната држава Минас.

Мајкл Кинсела – осуден за криумчарење и растурање дрога

Фото: afcliverpool.tv

Поранешниот член на „црвените“ од „Енфилд роуд“ заглави девет години во затвор за криумчарење на дрога. Беше член на група од подземјето во градот на Битлси која растураше кокаин, хероин и екстази низ улиците на Ливерпул, на Амстердам и во Шпанија. Од незаконските активности заработи 1,6 милиони фунти, а по завршување на затворската казна се врати во фудбалот.

Адам Џонсон – осуден за педофилија

Фото: 360nobs.com

Екс-репрезентативецот на Англија е осуден на шест години зад решетки, казна што ја доби за педофилија. Адам Џонсон како фудбалер на Сандерленд заработуваше 60,000 фунти неделно, настапуваше во една од најсилните светски лиги, имаше слава и се што ќе посака. Но, полов однос со 15 годишно девојче го плати скапо. Неофицијални извори од Англија најавуваат дека Џонсон би можел да се најде на слобода во текот на 2018 година и да се врати на фудбалската игра. Пред Сандерленд играше и за Манчестер сити, за Вотфорд, за Лидс јунајтед и за Мидлсборо. За „Гордиот Албион“ одигра 12 натпревари и постигна два гола.

Марлон Кинг – осуден за силување

Фото: footballstopten.com

Фудбалерот од јужен Лондон доби отказ во Виган во 2009 година, откако беше осуден за сексуално вознемирување. Беше казнет со 18 месеци затвор за силување и нанесување на тешки телесни повреди. По одлежување на казната се врати на фудбалската игра пришто смени три екипи – Ковентри, Бирмингам и Шефилд јунајтед. Пред проблемите со законот ги носеше дресовите и на Нотингам форест, на Вотфорд, на Гилингам, на Барнет, на Лидс јунајтед, на Хал и на Мидлсборо. Беше репрезентативец на Јамајка за која настапи во 24 меча во кои реализира 12 гола од 2004 година до 2013 година.

Рене Игита – осуден за киднапирање

Фото: peru21.pe

Славниот чувар на мрежата на Колумбија падна во раце на полицијата за учество во киднапирање. Беше посредник меѓу тогашниот крал на дрогата Пабло Ескобар и Карлос Молина. Игита ги земал парите за откуп на ќерката на Молина и ги предал на киднаперите. За услугата наплатил 64,000 долари. Доби затворска казна во траење од седум месеци по што се врати меѓу стативите. За колумбиската селекција настапи во 68 натпревари и постигна три гола. Моментно работи како тренер на голманите во Атлетико Национал, клуб од неговиот роден Меделин.

Адам Џонсон дрога затвор криминал Мајкл Кинсела Рене Игита силување убиство фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.