Browsing: СПОРТ

Меѓу повиканите 21 играч ги нема Јевтовски кој е без ангажман, Доријан Бабунски и Калвин Н’Сонго кои се без минута во своите клубови и Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев кои се повикани од Игор Ангеловски во сениорскиот тим за дуелите со Израел и со Албанија во квалификациите за СП 2018

Претстојниот континентален шампионат во пет супермодерни арени во Истанбул, во Хелсинки, во Тел Авив и во Клуж што нудат фантастичен комфор и амбиент како за репрезентациите така и за официалните лица и публиката

Комплицираната семејна ситуација во која се најде по породувањето е единствена причина поради која поранешната најдобра светска тенисерка го откажа учеството на американскиот гренслем што ќе стартува во понеделник. Според законот, таа не смее да го изнесе осуммесечниот Лео од Калифорнија каде е роден, а без него не сака да патува во Њујорк

Словенечкиот првак славеше во реваншот против Хапоел Бер Шева и по третпат во клупската историја ќе биде во главната фаза во елитното натпреварување на УЕФА. Олимпијакос по триумфот во Пиреја со 2:1 ја совлада Риека и во реваншот со 1:0

По санирање на повредата во пределот на натколеницата на Мамиќ му било понудено да биде превезен во КБЦ „Сплит“ на натамошна опсервација, но тој го одбил таквиот предлог и побарал да се врати во хрватската престолнина што му било и овозможено. Извор близок до семејство го окарактеризира нападот како класична заседа, а очевидци истакнаа дека биле истрелани неколку куршуми од кои само еден завршил во него што подоцна е утврдено дека не погодил коска

За најдобрата македонска тенисерка ова ќе биде второ учество на последниот гренслем во сезоната. На Флешинг Медоу дебитира лани кога беше поразена на стартот од Катрин Белис од САД со 0:6, 2:6. Австралијката, пак, за првпат ќе настапи во Њујорк. Нивната пресметка е закажана за попладнево од 17 часот

Фудбалскиот репрезентативецот на Македонија се најде во стартниот состав и одигра 70 минути против „жолтата пподморница“. Неговиот тим на крајот славеше со 1:0 со гол од пенал во финишот на средбата

По победничкиот против Стоук во минатиот викенд, англискиот напаѓач повторно стрелец за тимот од „Гудисон парк“, овојпат во ремито (1:1) на „Етихад“ против Манчестер сити во последниот натпревар од второто коло во Премиерлигата

Францускиот интернационалец, кој минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер од Манчестер С. во Севилја, во наредните две години ќе игра за турскиот прволигаш чиј тренер е прославениот Камерунец Самуел Ето