Browsing: СПОРТ

Последниот пораз на шпанската репрезентација ѝ го нанесе Данска во 1993 година која со Петер Шмајхел на голот и Михаел Лаудруп во нападот славеше со 1:0 во квалификациите за СП 1994 во САД

За искусниот тренерски стручњак ова е трет репрезентативен ангажман во тренерска кариера. Претходно беше селектор на Србија и Црна Гора и на Црна Гора како независна држава

Германската репрезентација е со максимален ефект по првата половина од квалификациите по убедливиот триумф над Азербејџан во Баку со 4:1, англиската, пак, со 2:0 на „Вембли“ ја порази Литванија. Црногорците загубија во Подгорица од Полска, Шкотска ги совлада Словенците на Среќко Катанец

„Лалињата“, по поразот на „Васил Левски“, паднаа на четвртото место во групата А и се најдоа во неприлика повторно да останат без учество на големо фудбалско натпреварување по ЕП 2016. Оттука и експресната одлука на холандскиот фудбалски сојуз (КНВБ)

Швајцарецот во два сета (7:6, 6:3) го совлада Френсис Тифо и во третото коло ќе игра со подобриот од мечот Дел Потро и Хасе. Лучиќ-Барони ја елиминира Агнешка Радванска на женскиот дел од турнирот

Нов терен во тренинг кампот на Каталонците ќе биде именуван по легендарниот холандски фудбалер и тренер, во негова чест ќе биде подигната и статуа пред „Камп Ноу“, а клубот побарал од градските власти и улица што ќе го носи неговото име

Норвежанецот Роберт Јохансон (250 метри) беше првиот што го подобри најдоброто остварување на леталницата на Петер Превц од 2015 година. Повеќе од него, подоцна, доскокна Штефан Крафт (251 метар), за денот да заврши со најдолг скок на полскиот натпреварувач

Трикратниот светски првак по шести пат во низа ќе стартува од врвот на колоната на патеката „Алберт парк“ во Мелбурн по најбрзиот круг (1:22,188 минути) што го извозе во квалификациите. Од првиот ред, покрај него, ќе тргне и ривалот Себастијан Фетел