Browsing: СПОРТ

Хрватската репрезентативка смета дека ЖРК Вардар во Будимпешта го одигра најдобиот меч досега. „Црвено-црните“, речиси, беа непогрешливи и нападите ги завршуваа со 56 отсто успешност и 90 отсто од прецизност на ударите.

Вардарки со камата го наплатија ремито од воведното коло во Скопје и ги декласираа Унгарките во нивната арена со 37:24. Лекиќ постигна 7 гола, Радичевиќ и Мавсар по шест за убедлив триумф и прво место во групата Б

„Црвената фурија“ имаше апсолутна доминација во мечот што го доби со 4:0. За нашата селекција ова е четврти пораз во квалификациите за СП 2018, прв без постигнат гол. Во март ќе следува гостување во Лихтенштајн

Британскиот пилот на Мерцедес во квалификациите на патеката „Интерлагос“ ја обезбеди 60. пол-позиција во кариерата, откако го извозе најбрзиот круг од 1:10,736 минути. Трката за ГН на Бразил е утре во 17 ч. по средноевропско време

Македонскиот шампион славеше со 40:34 во дербито на шестото коло во Лигата на шампиони и го презеде врвот на табелата во групата Б. Карачиќ најефикасен со 9 гола, по осум постигнаа Душебаев и Дибиров

На „Камп Ноу“ го гледаат Швајцарецот како идеално решение во одбраната на тимот на Луис Енрике, пишува весникот „Газета дело Спорт“. Неговиот договор со „старата дама“ истекува на лето

Дербито на шестата рунда во шампионската Лига на ЕХФ почнува во 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“. Победникот ја презема лидерската позиција во групата Б. Вардарци лани ги декласираа Полјаците со 34:24

Американката триумфира во финскиот зимски центар во воведната слаломска трка од новата сезона, деветта во серија, вкупно 20 во кариерата. Повеќе „врзани“ победи од неа има само Јаница Костелиќ