Browsing: СВЕТ

Терористот во својот тестамент напишал, меѓу другото, дека му се брза, дека не знае повеќе што да прави, дека полицијата го бара и дека, доколку одлага, ќе заврши, цитирам, “како него во ќелија”.

Францускиот Касационен суд пресуди денеска дека прислушувањето на Никола Саркози било легално и прифатливо како доказ, што значи дека на поранешниот претседател ќе може да му се суди за корупција

Во интервју дадено пред изрекувањето на пресудата, воениот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, вели дека „ниту еден разумен суд“ нема да го осуди за геноцид и воени злосторства, без оглед на доказите против него

Точно напладне Белгијците со минута молк им оддадоа почит на жртвите од терористичките напади. Белгиската полиција и натаму трага по третиот напаѓач Наџим Лахрави, за кого денеска белгиските медиуми прво јавија дека е уапсен, а потоа веста ја демантираа

Во текот на ноќта полицијата изврши претрес во една бриселска општина каде што се пронајдени експлозивни направи, хемиски производи и знаме на ИСИЛ. Се уште не е познат идентитетот на третиот терорист забележан на записот од безбедносните камери за кои се претпоставува дека не извршил самоубиство

ФБИ отвара сопствена истрага за бриселските атентати поради тоа што помеѓу жртвите има американски државјани. Белгиската полиција врши претреси во потрага по тројца осомничени терористи кои се во бегство.

Пораншениот градоначалник на Торонто во Канада кој канадските медиуми го опишуваат како весел политичар кој го следеа низа скандали, Роб Форд почина на 46 годишна возраст по боледувањето од рак

Во 8.15 часот белгиското радио ја прекина програмата и јави дека имало две експлозии на бриселскиот аеродром Завентем. Според првите сведочења, едно лице викнало нешто на арапски и се слушнале експлозии и пукотници. Еден час подоцна експлозија во метро станица. Подоцна обвинителството потврди дека се работи за терористички самоубиствен напад.