Browsing: СВЕТ
Канцеларијата на градоначалникот на Килис соопшти дека ракетата од Сирија погодила средно училиште, каде загинала една жена врабоена во училиштето, а една ученичка е повредена
Засега не се објавува нивниот идентитет, но турските власти тврдат дека се поврзани со Исламската држава
Пациентот со церебрална смрт по клиничкото тестирање лекови во Франција починал денес, информираше Болничкиот универзитетски центар на Рен.
Вучиќ одлуката ја донел за да “реши општествениот конфликт кој ги блокира реформите” кои, според него, треба да бидат завршени до 2020 година. На партијата и треба целосен мандат за реформи.
Меѓународната агенција за нуклеарна енергија го даде своето зелено светло за прекин на долгите санкции против Иран. Републиканците во САД и Израел не се задоволни од овој развој на настаните.
Пет граѓани во Франција се наоѓаат во критична состојба со неизлечиви невролошки проблеми со мозокот, а еден е во клиничка смрт, откако врз нив бил тестиран нов лек на фармацевтските компании „Биотрал“ и „Биат“
Во хотелот „Спледнит“во Буркина Фасо ослободени се 126 заложници кои беа држени од страна на исламските џихадисти. Во операцијата се убиени тројца напаѓачи, еден Арапин и двајца Африканци
Вкупно 23.664 бегалци пристигнале во Европа по море во првите 14 дена од 2016 година,информираат од ИОМ. Според извештајот 59 бегалци се удавиле во првите две недели од годината, а 11 луѓе загинале во автобуски несреќи во Турција минатата недела. Властите на Турција веруваат дека тие се жртви на криумчари со луѓе
Во градот што се наоѓа под опсада на сириските владини сили за еден месец починале 32 деца од глад, а вчера пристигнала пратка храна, прва од октомври лани
Најбараниот белгиски терорист осомничен за учество во нападите во Париз контактирал белгиски адвокат, а медиумите шпекулираат дека се подготвува да и се предаде на полицијата
Претседателот на Европската комисија предупреди дека укинувањето на Шенген зоната ќе ја зголеми невработеноста и постоењето на еврото ќе биде бесмислено
Предавачите од Универзитетот Коџаели се дел од 1.000 академици од Турција и други земји кои ја потпишаа Декларацијата за осуда на воените операции на турскатѕа војска против курдските бунтовници на југоистокот на земјата















