Browsing: СВЕТ
Дваесет и пет годишниот Иранец Араш Ариа ја молел британската полиција да го врати назад во Иран.
Како нуклеарната катастрофа, негативниот ефект од сириската криза се заканува со последици кои ќе траат со децении и што повеќе му дозволуваме да трае, за нас ќе бидат потешки последиците, рече Петреус пред Комитетот за оружени сили при американскиот Сенат
Околу 310 аџии починале, а 450 биле повредени во човечкото стампедо во Мина, Саудиска Арабија, надвор од муслиманскиот град Мека
Војската на Сирија под раководство на сиријскиот претседател Башар ал Асад за прв пат употребила руски дронови против џихадистите, јавуваат дел од светските агенции
Хрватска нема да ги отвори границите со Србија, се додека не биде отворен граничниот премин Хоргош, порача министерот за внатрешни работи на Хрватска, Ранко Остојиќ
Францускиот претседател Франсоа Оланд нагласи дека иднината на Сирија не може да биде во рацете на сегашниот сириски претседател. Тој смета дека не може да има успешна транзиција во земјата ако тој не се повлече
Премиерот Алексис Ципрас побарал од лидерот на коалицискиот партнер, Независни Грци, да ја провери автентичноста за неколку расистички и хомофобски коментари објавени од новиот заменик-министер
Србија го забрани влезот на нејзина територија на тешки товарни возила со хрватска регистрација и кои превезуваат хрватски производи, а истото го направи и Хрватска
Социјалистите од ЕП бараат суспензија на словачкиот премиер Роберт Фико од социјалистичката политичка група. Многумина се надеваат дека ова ќе биде инспирација за демо-христијаните од кои се очекува санкционирање на унгарскиот премиер Виктор Орбан поради неговото однесување во бегалската криза.
Како што пишуваат грчките медиуми, најголемото прашање било поврзано со досегашниот министер за финансии Евклидис Цакалотос, односно дали ќе сака повторно да го води тој ресор. Цакалотос се согласил
Овој план се однесува на мигрантите кои од Италија, Грција и Унгарија одат во други земји на ЕУ
Одлуката на ЕУ денес го покажа и јазот помеѓу “старите” и “новите” членки. Романија, Чешка, Словачка и Унгарија одбија да бидат дел од овој план за релокализација на 120.000 луѓе кои се наоѓаат во Грција и Италија.














