Browsing: СВЕТ

Премиерот на Малезија, Наџиб Разак соопшти дека француските експерти потврдиле дека пронајдениот остаток на островот Реунион на Индискиот океан бил од малезискиот патнички авион МH370 што исчезна пред повеќе од една година

Турското обвинителство побара затворска казна до 7 и пол години за 18 новинари, обвинувајќи ги за терористичка пропаганда бидејќи објавиле фотографија на која екстремист држи пиштол над главата на обвинителот убиен во март

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер верува дека е можно овој месец Грција да склучи договор со меѓународните кредитори, „веројатно пред 20 август“, кога е предвидена важната исплата на Атина кон Европската централна банка

Акциите на четирите водечки грчки банки утринава паднале за преку 29 одсто. По петнеделна принудна пауза, на атинската берза вчера повторно се тргуваше, а акциите крахираа со минус од 16,2 проценти, што е најголем негативен пад досега

По силен притисок од ЕУ и САД, Косово синоќа го усвои Законот за формирање Специјален суд за судење на поранешни припадници на поранешната ОВК под сомневање дека извршиле злосторства и трговија со органи.

Најголемите грчки банки Пиреус Банка, Националната банка на Грција, Алфа банка и Еуробанка, се во пад од 30 отсто

Израелската влада денес најави казнени мерки против еврејските екстремисти кои предизвикаа пожар и убија 18 месечно бебе и со нож нападнаа луѓе на парадата Геј Прајд во четвртокот. Од повредите нанесени од овој напад денес почина 16 годишна девојка.