Browsing: СВЕТ

Американската Национална безбедносна агенција (НСА) шпионирала најмалку 35 „мети“ – компании, владини функционери, министри и поголем број советници на актуелниот премиер Шинзо Абе во периодот од септември 2006 до септември 2007 година

Со оглед на тоа дека не е исчезнат ниеден друг авион од овој тип и ако се потврди дека најдениот дел му припаѓа на овој модел, ќе биде речиси сигурно дека тој е од авионот што исчезна на 8 март 2014 година, со 239 луѓе, од Куала Лумпур до Пекинг

Лидерот на пакистанската екстремистичка група Лашкар-е-Џангви, Малик Ишак е убиен заедно со своите двајца синови и 11 нивни соработници во пресметка со полицијата, соопштија локалните власти

Судот во Либија ги осуди синот на Моамер, Саиф ал-Ислам Гадафи, и уште осум негови соработници на смртна казна поради воени злосторства сторени во текот на бунтот во 2011 година кога по децениско владеење беше соборен тогашниот либиски претседател

Минатата недела во Јапонија, поради високите температури 7.392 луѓе биле хоспитализирани како последица на топлотните бранови и исцрпеност, што е дури за илјада повеќе од неделата пред тоа

Министерот за финансии Еуклидис Цакалотос синоќа изјави дека во Атина почнале состаноци на грчки официјални претставници и преговарачките тимови што ги застапуваат доверителите и оти преговорите ќе бидат интензивирани во вторник