Browsing: СВЕТ
Првиот ден од работењето на банките, донесе и нови стапки на данок, па така ДДВ-то е зголемено од 13 на 23 отсто за некои работи, со што практично започнуваат и мерките на штедење
Договорот склучен со Грција е застрашувачки за сите оние кои се уште веруваат во иднината на Европа, затоа што ја искористиле можноста за идеолошка победа врз една екстремно лева Влада, по цена на „фрагментација на Унијата“, смета Штрос-Кан
Кај граничниот премин Морахала унгарската војска за заврши пробната ограда од 150 метри која треба да ги спречи мигрантите да влегуваат на илегалните премини. Само во изминатите 24 часа унгарската полиција фати 1.300 нелегално влезени мигранти
Францускиот претседател, Франсоа Оланд, вели потребна е валада на еврозоната, а Франција е подготвена да влезе во една “засилена организација“, пренесува „Журнал ду диманш“
“Во последно време Алексис не јаде, повеќе не спиe, но нема избор, има долг кон народот кој му ја даде својата доверба”, раскажува мајката на грчкиот премиер во интервју за неделникот Параполитика.
Грчката полиција денеска во Атина уапси две лица, едниот Грк, а другиот бугарски државјанин, под сомнение дека случајно предизвикале шумски пожар, кој се прошири кон североисточните предградија на главниот град на Грција
Варуфакис, кој се повлече од должноста министер за финансии, тврди дека програмата којашто е сега предвидена за Грција „ќе влезе во историјата како најголемата катастрофа на макроекономското управување кога и да е“
Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги отпушти од Владата припадниците на левото крило на својата партија, кои го отфрлија новиот пакет за штедење. Ципрас најави реконструкција и заминување на десет члена на раководството
Бомбаш -самоубиец го активирал експлозивот на пазарот и тоа е најкрвавиот напад на ИСИС откако ја презедоа контролата врз големи делови на земјата, објави Ројтерс.На Твитер, ИСИС објави дека нападот е одмазда за убивањето на сунитски муслимани во северен Ирак и дека бомбашот носел три тони експлозив
Приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси организираа демонстрации по денешната молитва по повод празникот Рамазан Бајрам
Германските пратеници денеска го одобрија договорот на кредиторите со Грција, со чие усвојување од страна на сите земји-членки на ЕУ ќе се отвори можност за отпочнување преговори за трет пакет помош на Атина
Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора се соочуваат со топлотен бран, а за наредните денови ќе биде објавен црвен метеоаларм, што значи дека температурата на воздухот ќе се искачи над 40 степени Целзиусови















