Browsing: СВЕТ
„Злобна“ и „бесчувствителна“ се само дел од описите кои и се придаваат на канцеларката во медиумите и на социјалните мрежи во Германија и светот
Во говор во Националното Собрание во Хавана, кубанскиот претседател Раул Кастро рече дека за воспоставувањето на целосна нормализација на односите со САД, треба да се укине трговското ембарго што САД го воведоа кон Куба уште од почетокот на 60-те години
Грчкиот парламент ноќеска ги усвои првите реформи кои ги бараат кредиторите за да можат да и испратат нов пакет за помош. Реформите беа изгласани со голема помош на опозицијата.
Над 12 000 Грци протестираат пред Парламентот во Атина против строгите мерки за штедење кои вечерва треба да се изгласаат. Протестот се претвори во судир со полицијата, која користи и солзавец, додека демонстрантите ја маваат со Молотови коктели и камења, а запалиле и едно телевизиско комбе
Деветмина полицајци и голем број навивачи се повредени во синоќешните нереди низ сараевските улици. Во пресрет на вечерашниот квалификацискиот дуел од фудбалската Лига на шампионите меѓу Сараево и Лех од Полска, се случиле неколку судири меѓу навивачите на двата клуба, јавуваат босанските медиуми
Иран и шесте светски сили денеска постигнаа историски договор со кој се гарантира олабавување на санкциите спрема Техеран во замена за кратење на неговата нуклеарна програма
Критичарите на овој потег велат дека би било подобро унгарската влада да подигне ограда кон Австрија за да го спречи иселувањето на Унгарците
Грчката влада одлучи банките да останат затворени до 15 јули. Синдикатот на грчките функционери најави 24-часовен штрајк во среда во Атина.
Еврогрупата бара од Грција повеќе драконски мерки како напуштање на суверноста бидејќи Грција ќе мора своите нацрт закони да ги доставува во Европската комисија, Европската централна банка и ММФ пред да ги усвои.
Ципрас изјави дека се борел за што подобар договор и успеал да добие реструктурирање на долгот и финансирање на среден рок.
Романскиот премиер, Виктор Понта, поднесе оставка од претседателската функција на владејачката Социјалдемократска партија, откако неодамна беше обвинет за перење пари, фалсификување на документи и даночно затајување
“Договорот е тука и и дозволува на Грција да остане во еврозоната. Целта беше еврозоната да остане заштитена во својот интегритет. И да и се даде надеж на Грција по толку години штедење и страдање. Но јасно е дека Грција ќе мора уште многу да работи”, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.
По цела ноќ преговори, на само 15 минути од отворањето на берзите во Европа, најден е компромис со помош на Грција.













