Browsing: СВЕТ

Како што пишуваат српските медиуми, поранешниот претседател на САД жали поради инцидентот, но истакнал дека до него не би дошло доколку Вучиќ пристигнал само за комеморацијата, а не откако почнала молитвата

Доналд Туск, претседателот на Советот на ЕУ, го откажа состанокот на лидерите на земјите членки на ЕУ кој требаше денеска попладне да се одржи во Брисел и наместо него закажа самит на лидерите на еврозоната

Разговорите за должничката криза меѓу грчкиот министер за финансии и неговите скептични колеги од Еврогрупата беа закажани за 11 часот, во обид да постигнат договор со кој ќе се обезбеди иднината на Грција во еврозоната. Ако не се постигне напредок, би можело да се случи Грција да банкротира.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини побара детална истрага во име на Унијата за нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ во Поточари на комеморацијата денеска

– Се работи за еден организиран напад, а тој што го организираше треба да се засрами. Ги повикувам Србите и останатите граѓани на нашата земја гордо да ги кренат главите, како што и јас денеска чекорев додека оддавав почит, порача Вучиќ на вонредна прес конференција

Новите економски предлози на Грција се основа за понатамошни преговори, оцени тројката партнери на земјата, Европската комисија, Европската централна банка (ЕЦБ) и ММФ, кои ги известиле владите на државите во еврозоната за тоа

Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој денеска присуствува во Меморијалниот центар во Поточари на одбележувањето на масакрот во Сребреница од 1995 година, откако го положи венецот за жртвите, демонстранти започнаа да го исвиркуваат и да фрлаат со камења по него

На двесетгодишнината од геноцидот во Сребреница, во Меморијалниот центар во Поточари ќе бидат погребани 136 новоидентификувани жртви, меѓу кои 18 малолетници. Во Поточари денеска се очекува да пристигнат околу 50 000 луѓе