Browsing: СВЕТ
Фајненшл Тајмс објавува дека во писмо до кредиторите, Ципрас изразил подготвеност да ги прифати многу од условите кои му беа понудени пред да пропаднат преговорите и тој да свика референдум
По падот на индонезискиот воен авион во Суматра вчера, бројот на загинати порасна на 142 лице. Од загинатите, идентификувани се телата на 62 жртви
САД и Куба, отвораат амбасади во Вашингтон, односно Хавана откако кон крајот на минатата година објавија дека ги зацврстуваат односите
Луксембург денеска го презема шестмесечното претседавање со ЕУ од Летонија, што ќе биде 12-ти пат оваа земја да претседава со Унијата откако е воведен ротирачкиот систем
Според првичните анкети 54 отсто до Грците имаат намера да гласаат против на референдумот, нешто што му оди во прилог на посакувањата на Ципрас, а мерките на штедење ги поддржуваат 33 отсто од испитаниците
Ратата од 1,5 милијарди евра која мораше да биде платена до ноќеска на полноќ не е исплатена. Атина ќе може да добие натамошни средства откако ќе го плати заостанатиот долг- програмата за помош на Грција од страна на евро-партнерите
Со цел пензионерите кои немаат платежни картички за да подигнат пензии од банкоматите, Грција ќе отвори експозитури на банки кои ќе работат до крајот на неделата каде ќе се исплаќаат средствата на пензионерите
Телеграфската агенција на Југославија, или „Танјуг“, е на листата за приватизација, заедно со уште 37 други локални медиуми во Србија
Германската канцеларка и понуди на Грција натамошна поддршка и нови разговори во однос на долгот, но дури по одржувањето на планираниот референдум во Грција
Жан Клод-Јункер го брани предложениот пакет за штедење и реформи во Грција. „Ова не е глуп пакет“, рече тој во Брисел и побара на Грците конечно да им се каже вистината и тие да гласаат против предлогот на својата влада
Британскиот премиер Дејвид Камерон повика на широка борба против исламскиот екстремизам по терористичките напади во Тунис каде беа убиени најмалку 38 луѓе, меѓу кои и голем број на Британци
Како што најавија неговите советници, 63-годишниот Кејсик својата кандидатура официјално ќе ја објави на 21.јули во обраќање во државниот Универзитет на Охајо














