Browsing: СВЕТ

Покрената е кампања за собирање на 150.000 потписи во Словачка и 50.000 во Чешка за повторно обединување на земјите. Целта на иницијативата е во 2018 Прага и Братислава да распишат референдум на кој граѓаните ќе го дадат свој збор за тоа дали се за обединување

Патувањето во Москва требаше да биде првата посета на Ким Јонг-Ун во странство, откако претходно во јануари ја прифати поканата на Русија, којашто 2015 година ја прогласи за „година на пријателството“ меѓу двете земји

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ вели очекува нејзината земја да го воведе еврото како национална валута до 2020 година. Според претседателката, воведувањето на еврото во наредните пет години е од особена важност за хрватската економија

До моментов, според податоците со кои располагаат властите во Непал, 5.489 луѓе загинале во силниот земјотрес минатата недела, а речиси 10.000 луѓе се повредени. Потрагата по загинати и натаму е во тек

Унгарскиот популистички премиер Виктор Орбан во вторникот отвори дебата за воведување на смртна казна во оваа земја. Оваа казна е тотално забранета во Европа и е еден од првите предуслови што една земја треба да ги исполни за да стане членка на ЕУ.

Воведувањето на еврото е едно од несогласувањата меѓу Грабар Китаровиќ и премиерот Зоран Милановиќ. Според шефицата на хрватската држава, воведувањето на заедничката европска валута во следните пет години е важно за хрватската економија