Browsing: СВЕТ
Еден од четворицата исламски екстремисти кои го извршија нападот врз кенискиот универзитет Гариса, при што загинаа 148 лица, е Абдирахим Мохамед Абдулахи, син на владин претставник
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денес ќе се сретне со директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард во Вашингтон
По повод католочкиот празник Велигден којшто се слави денеска, папата Франсис во својата велигденска порака повика да се сопре насилството во Сирија и Ирак, а верниците од целиот свет да излезат од зоната на комфорот
Турскиот фудбалски клуб „Фенербахче“ побара прекин на националното фудбалско првенство откако синоќа беше пукано врз нивниот автобус од страна на навивачи на Трабзонспор
Грција би можела да го парализира НАТО преку вето во случај Алијансата да сака да одговори на нарушувањето на заедничката одбрана, предупреди Збигњев Бжежински, еден од највлијателните американски аналитичари за надворешна политика.
Српското Министерство за одбрана ги објави извештаите за падот на хелихоптерот пред Белград, кога на 13 март загинаа седум лица меѓу кои и едно новороденче, во кои се наведува дека одговорноста за несреќата е кај членовите на посадата
Бројот на мртвите во нападот на сомалиските терористи врз кенијскиот универзитет ќе се искачи најверојатно на 147, информираат светските медиуми повикувајќи се на извори во кенијската влада
Комитетот за човекови права при ОН ја повика Хрватска да им го обезбеди на националните мацинства правото да користат свој јазик и азбука, особено ќирилицата во Вуковар. Со тоа, Загреб се повикува да преземе мерки како би промовирал меѓунационална толеранција
Сомалиската терористичка организација Аш Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.
Засега не е познато колку студенти се блокирани во кампусот, каде сомалиските терористи држат заложници и водат престрелка со безбедносните сили
Втората црна кутија на авионот на “Германвингс”, кој се урна пред десет дена во француските Алпи беше пронајдена денес. Истовремено, весниците Пари Мач и Билд нашле снимка од мобилен телефон од која е јасно дека патниците биле свесни што се случувало
Бројот на убиените при нападот во универзитет во градот Гариса во Кенија достигна до 15 лица, а најмалку 60 биле ранети. Исламистичка групација Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот, јавуваат светските медиумски агенции
Министерката за образование на Словенија, Клавдија Мaркеж не го дочека ни првото заседание на владата откако поднесе оставка поради доказите дека нејзиниот магистарски труд бил плагијат, пренесуваат медиумите од регионот















