Browsing: СВЕТ
Меѓу жртвите имало и цивили, меѓу кои три деца и две жени. Осум од убиените биле членови на едно семејство, се вели во соопштението
Под сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службената должност. Фулани е уапсен во неговата канцеларија во банката, соопшти албанското МВР, на што претходела одлука на судот во Тирана по барање на јавното обвинителство
Екипите попладнево успеале да пробијат до 34-те рудари коишто беа заглавени во рудникот за јаглен во Зеница по што биле извлечени откако во четвртокот останаа затрупани. Спасени се 29 рудари, а пет не преживеаа
Очевидци велат дека Италијанката, поранешна сопственичка на кафуле, која ја опишаа како „многу мила дама“, беше речиси обезглавена од напаѓачот
Во глобалната битка на Џихад брендовите, наследникот на Осама бин Ладен се чини дека се обидува да однесе победа во Индија преку ИД (Исламската држава). Ал Каеда никогаш немала успех во регрутирање на Индија, и покрај огромното муслиманско население од 180 милиони припадници
Како што претпоставуваат руските политиколози, претседателите на Русија и Украина можеа да постигнат определен дипломатски напредок за време на директните телефонски разговори, сепак, да се очекува мир истиов момент е прерано, затоа што на многу политички сили им е потребно продолжение на конфликтот
Украинскиот претседател Петро Порошенко најави дека во петок точно во 11 часот по средноевропско време ќе прогласи примирје во источниот дел од државата
Раскинувањето на договорот за продажба на универзалните десантни бродови „Мистрал“ на воената морнарица на Русија може да донесе повеќе проблеми за француската, отколку за руската страна, изјави Олег Бочкарјов, заменик на претседателот на Воено-индустриската комисија при руската влада
Лидерите на НАТО на самитот во Кардиф, се согласија да се одржува континуирано присуство и активност во воздухот, на копно и на море во источниот дел на Алијансата, на ротациона основа.
Во моментот на потресот во рудникот имало 56 лица, но 22 од нив успеале да се спасат и да го напуштат местото
Околу 200 експерти денеска и утре разговараат во Женева за можноста за употреба на експериментални методи во лекување на вирусот на ебола, кој се шири во западна Африка и им се заканува на повеќе од 20 000 луѓе
Големи полициски сили биле околу и во куќата на имамот, каде според медиумите се пронајдени и силни докази за неговата поддршка на радикалниот ислам