Browsing: СВЕТ

Стојам со Шарли Ебдо, како што сите ние мораме, да ја браниме уметноста на сатирата, која отсекогаш била сила за слобода и против тиранијата, нечесноста и глупоста. “Почитување на религијата” стана кодирана фраза со значење страв од религијата. “Религиите, како и сите други идеи, заслужуваат критика, сатира, и, да, нашето бестрашно непочитување”

Во меѓувреме, карикатуристите од целиот свет, колегите на загинатите новинари објавуваат нови карикатури, во чест на колегите, но и славејќи ја нивната работа и борба за слобода на изразувањето

Новинарите од Франс Телевизион, Радио Франс и весникот Монд ги повикаа преку соопштение, сите медиуми од земјата да и помогнат на редакцијата на сатиричниот неделник да продолжи со своите активности

“Нашата работа не е да ја браниме слободата на говорот, туку без неа ние сме мртви. Ние не можеме да живееме во земја без слобода на говорот. Претпочитам да умрам, отколку да живеам како стаорец, да бидам замолчен”, изјави уредникот на Шарли Ебдо, Шарбоние, за ABC News во 2012. Тој денеска загина

Видеото е со вознемируваќка содржина. Според полицијата станува збор за вистинска командо операција. Лицата влегле во редакцијата и почнале да пукаат врз сите присутни. Нападот почнал во 11.30 а потоа имало и размена на оган со полицијата. Од снимките на пукањето се слушаат извици “Алаху Акбар“.

Видео на кое е документиран нападот врз сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ објави Франс 24. Од прилогот се гледа како новинарите бегаат по покривот од зградата во која се наоѓа редакцијата на медиумот и се кријат од рафалите на напаѓачите

Видео на кое е документиран нападот врз сатиричниот весник „Чарли Хебдо“ објави Франс 24. Од прилогот се гледа како новинарите бегаат по покривот од зградата во која се наоѓа редакцијата на медиумот и се кријат од рафалите на напаѓачите