Browsing: СВЕТ
Сопственикот на ноќниот клуб Кис, член на бендот и шефот на обезбедувањето се испрашани во полиција, додека се трага по четврто лице, кое е ко-сопственик на клубот
Приказната за самоубиството на проблематичната тинејџерка од Онтарио, Ешли Смит, во канадското општество бурно го покрена проблемот со третманот на малолетниците во затворите.
Еден од руските судови го отвори судењето против Сергеј Магнитски, руски адвокат кој почина во затвор во 2009 година по неговото обвинување за мултимилионска измама од страна на државните власти.
Поради поврзаност со експлозијата на плоштадот Јелачиќ, одреден е притвор од осум дена за шестте осомничени. Началникот на загребската полиција Горан Бурушиќ изјави дека мотив за нападот е “луда индивидуална идеја на луѓе кои не знаат што со себе.”
Египетскиот Председател Мохамед Морши објави вонредна состојба во три града во близина на Египетскиот Суецки Канал, по четири дена од граѓанските немири во кои загинаа најмалку 40 луѓе, а 500 се повредени.
По освојувањето на упориштето на исламистите Гао во северен Мали, француските и малиските трупи се пробија непосредно до историскиот пустински град Тимбукту.
Израелски и американски научници откриле „значајна мозочна активност” кај поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, кој веќе седум години е во кома, но како што се покажа, способен е да реагира на слики и гласови на роднини, изјавија учесниците во испитувањето спроведено претходно седмицава.
На прашањето дали е потребно изградба на нова нуклеарна централа во земјата мнозинството граѓани на Бугарија кои се одзваа на рефередумот се изјасни позитивно.
Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, денеска во Скопје порача дека Република Србија нема никакви територијални, културни, ниту било какви претензии кон Македонија, туку напротив, сака да продолжи да биде најдобар пријател на македонскиот народ како и на македонската држава.
Извештаите велат дека имало само еден излез и паниката почнала да се шири, откако луѓето се обиделе да излезат
Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
Белград треба да се подготвува за воспоставување на дипломатски односи со Приштина. Ова го порача американскиот експерт за Балканот, Даниел Сервер
