Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чавков на 27 април со СМС го известил Нухиу:Состојбата е под контрола

0
By Нова ТВ on June 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 8, 2017 15:32

„Состојбата е под контрола“, ваква СМС порака добил поранешниот министер Агим Хухиу од директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на 27. април во 17.59 минути. Министерот за внатрешни го предупредил Чавков, како раководител на Оперативниот штаб во МВР, дека состојбата во Собранието може да ескалира, но освен СМС пораката во текот на целата вечер со директорот на БЈБ повеќе не успеал да оствари телефонска комуникација.

Ова се детали од Извештајот на Работната група за расветлување на настаните од 27. април кој денеска е завршен и ќе биде доставен до Јавното обвинителство. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес конференција соопшти дека критичниот ден затаила хиреархиска структура во МВР, започнувајќи од собраниското обезбедување, па се до врвот во УБК и Оперативниот штаб под контрола на Митко Чавков.

Информацијата која Спасовски ја сподели со јавноста е класифицирана и тој директно со име и презиме не посочи ниту еден од лицата кои ја злоупотребиле функцијата, но рече дека до обвинителот Марко Зврлевски ќе биде доставен декласифициран материјал со сите детали до кои дошла Работната група при истрагата.

Извештајот е изготвен врз основа на извршени разговори со 35 припадници на МВР, анализа на настанот, преглед на видео материјал од телевизиите, службен видео материјал и аудио разговорите од Тетра системот на МВР.

„Овој извештај со филигранска прецизност потврдува дека заради партизираноста на одредени раководни структури во Министерството, овој државен орган падна на испитот на извршување на своите уставни и законски надлежности. Ова Министерство мора целосно да се департизира и декриминализира и да се ослободи од товорат за да може нормално да функционира. На вистинските професионалци во Македонија и на граѓаните им должиме Министерството да го исчистиме од срамот од 27 април и да ја вратиме честа угледот и довербата во институцијата“, рече Спасовски.

Хронолошки прва затаила Управата за безбедност и контраразузнавање. До Оперативниот штаб на МВР не доставила Проценка за безбедносната состојба во Р Македонија, обврска која произлегувала од одржаниот состанок со министерот за внатрешни работи. Недостатокот на оперативно разузнавачки информации и сознанија, влијаел на процесот на процената на безбеденоста проценка и донесувањето одлуки.

За 27.04.2017 година, Оперативниот штаб не направил соодветна проценка на состојбата и не бил активиран Планот за мерки и активности на Секторот за внатрешни работи Скопје во кој се предвидени можни сценарија и фази на постапување.

Критичниот ден од страна на Секторот за внатрешни работи  Скопје не е користен видео надзорот на „Безбеден град“.

Идентификувани се пратениците кои се обиделе да го спречат полицаецот од внатрешното обезбедување кој се обидел да ги обезбеди вратите на Собранието. А, пак дел од полициските службеници од Одделот за заштита на определени личности и објекти кои биле присутни во Собранието при отварање на влезните врати, не презеле дејствија за да го заштита објектот.

Одговорните за внатрешното и надворешното обезбедување на Собранието побарале засилување, но од Оперативниот штаб и Помошниот штаб на Секторот за внатрешни работи Скопје, биле информирани дека нема дополнителни сили, бидејќи Бирото за јавна безбедност немало планирано полициски службеници во резерва (приправност).

Министерот Нухиу неможел да воспостави никаква комуникација со Оперативниот Штаб. Тој дури и лично издал команда да се евакуираат пратениците, но останатите членови на Штабот одбиле да го послушаат. Се до доаѓањето на Чавков во 20.07 минути, кога конечно издал наредба за спасување на претепаните пратеници.

Досега суспендирани се над 23 лица, а сослушани биле околу 180 лица во МВР кои учествувале во настаните. Покренати биле и преку 45 дисциплински постапки до моментов, соопшти Спасовски.

Тој додаде и дека еден дел од структурите во МВР, веднаш по настаните на 27 април, добиле задача да направат посебен извештај, кој требало да го подготват за еден ден и требало да даде такви резултати кои ќе им одговараат на поединци во МВР.

Поведени се дисциплински постапки за 45 лица, а во тек е целокупна истрага за тој инцидент. До овој момент, немаме разрешување за било која од тие позиции, изјави Спасовски.

 

 

Агим Нухиу Извештај Јавно обвинителство МВР Митко Чавков Оливер Спасовски Оперативен штаб Работна група
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.