НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали ЕУ се грижи за Западен Балкан?

0
By Нова ТВ on May 16, 2017 ПОЛИТИКА
Џуди Демпси, аналитичарката на институтот „Карнеги Европа“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одговарајќи на прашањето на аналитичарката на институтот „Карнеги Европа“, Џуди Демпси, за тоа дали ЕУ доволно се грижи за Западен Балкан, избрана група стручњаци ургираат европското семејство сериозно да се насочи кон проблемите во овој регион.

Според Димитар Бечев, вонреден виш научен сораборник на Атлантскиот совет, темелниот проблем на Македонија е тоа што лидерите ги имаат заробено државните ресурси и институции и ги задушуваат критичарите.

Димитар Бечев

– ЕУ може и треба да стори повеќе за да осигура дека во Скопје ќе има Влада и дека Претседателот Иванов ќе делува во согласност со Уставот. Сепак, останува сомнежoт дали Брисел воопшто го поседува сребрениот куршум за искоренување на корупција. Затоа, должноста на македонските граѓани, независно од нивното етничко потекло, е да го одржуваат притисокот и да бараат одговорност од секоја партија која учествува во Владата, смета Бечев.

Ендрју Брн од „Фајненшл Тајмс“ смета дека насилните случувања во Собранието на 27.април, е пример за поширокиот политички неспокој во Западен Балкан.

– Парламентите низ целиот регион се соочуваат со бојкоти, солзавец, а сега и со бесни насилници.  Далечните ветувања за членство во ЕУ сѐ уште го немаат преобразено политичкиот живот во регионот, вели тој.

Брн додава дека Брисел мора да го засили притисокот врз политичарите кои не ги почитуваат демократските норми како и самата Европска Унија.

Доминик П. Јанковски

Шефот на ОБСЕ и на Службата за безбедност на истокот при МНР на Полска, Доминик П. Јанковски, препознава три тренда поради кои стабилизацијата, трансформацијата и модернизацијата на Западниот Балкан се загрозени.

– Прво, ЕУ сѐ уште се нема целосно опоравено од своите внатрешни проблеми – економската криза, Брегзит, предизвиците кои ги раѓа процесот на интеграцијата во ЕУ, мигрантската криза – кои имаат негативно влијание врз нејзините потези во рамките на надворешната политика. Второ, сѐ уште кршливиот Западен Балкан не е имун на антилибералните тенденции присутни во европската и американската политика.  Трето, политиката на големите сили се враќа, што значи дека Русија, Турција, Кина, како и Голфските земји се натпреваруваат со Европа во настојувањето да остварат влијание врз регионот. Би можело дури да се каже и дека Западниот Балкан стана полигон за вежбање на руската хибридна војна, која се пројавува во Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, тврди тој.

Денис Мекшејн

Според Денис Мекшејн, поранешен Министер за Балканот на Обединетото Кралство, последните напади врз пратениците во македонското Собрание, претставува злокобен напад врз демократијата, последица од тоа што поразената Влада не сакала да ја предаде власта.

Дека ЕУ ги занемари антидемократските тенденции на Западен Балкан, потенцира и Сена Мариќ, виш истражувач на Центарот за европска политика во Белград.

– ЕУ замижа кон, и ги занемари, зголемените антидемократски тенденции на политичките елити од Западниот Балкан, сѐ со цел да се одржи стабилноста. Неодамнешните настани во Македонија, каде што демонстрантите на 27 април го нападнаа Парламентот, покажаа дека овој пристап е погрешен. Слично сценарио може да се очекува и во Србија, предупредува Мариќ.

А дека ЕУ нема друг избор освен да се грижи за унапредување на демократијата во Западен Балкан, тврди и проектниот директор на „Нации во транзит“ на Фридом Хаус, Нејт Шенкан.

Сепак, како што вели тој, вистинското прашање е дали ЕУ се грижи за демократската преобразба на регионот.

Руслан Стефанов

Според Руслан Стефанов, директор на Економската програма при Центарот за проучување на демократијата, постојат бројни индикации дека ЕУ навистина се грижи за Западниот Балкан. Меѓутоа, контекстот и перцепциите се изменија значително.

– Посакуваното политичко присуство на ЕУ во регионот како да својата посветеност и ангажман ги намалува на најмала можна мера. Европските политички семејства, членовите на Европскиот парламент, локалните ЕУ делегации можат и треба да сторат повеќе за да пренесат едногласна порака дека ЕУ навистина се грижи, смета Стефанов.

– Потребно е да стори многу повеќе, за да може зборовите да ги преточи во дела, додека се соочува со сите други внатрешни и надворешни предизвици, одговара на прашањето на Демпси, Иван Вејвода, постојан соработник и директор на Европскиот проект при Институтот за хуманистички науки.

Според него, овој неопходен однос е поврзан како со кредибилноста на европскиот проект (дали ЕУ е во состојба да го интегрира последниот дел од географското јадро на Европа), така и со способноста на регионот да остане доследен на својата јавно прогласена посветеност на демократските реформи и регионалната соработка и стабилност.

– Геополитичките предизвици кои ги наметнуваат Русија и Турција повторно го доведоа Западниот Балкан во фокусот на ЕУ… Озбилната криза во Македонија покажа дека на ЕУ ѝ се потребни САД за да може да изнајде решение. Така, трансатлантскиот пристап кон Западниот Балкан, како и ЕУ-НАТО соработката се од клучен значај, потенцира тој.

Според политичкиот аналитичар и виш соработник при Советот за демократизациска политика, Бодо Вебер, во изминатите неколку години, ЕУ премина од функционирање на бирократски автопилот кон дејствување во согласност со повеќе политички иницијативи кои се однесуваат на Западниот Балкан. Сепак, на оние дејствија кои беа предводени од Германија – на Косово и Србија и Босна и Херцеговина – им недостасуваше кохезивна стратегија и тие западнаа во кризи, додека ангажирањето на Унијата во Македонија беше од самиот почеток преслабо за да може да успее.

Бодо Вебер

– ЕУ треба да научи неколку лекции од својата вклученост во Западниот Балкан. Прво, не ја продавајте демократијата за лажна стабилност и лажно ЕУ единство. Второ, изборот меѓу внатрешна интеграција и проширување не постои – и Унија на два колосека не е никакво решение. И трето, еволуцијата на кутијата за алат за пристапување во (потенцијален) инструмент за промоција на надворешна демократија може да биде полезна за внатрешните демократски проблеми на ЕУ, на пример за оние во Унгарија, тврди Вебер.

демократија ЕУ Карнеги Европа криза Македонија надворешна политика напад парламент Џуди Демпси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.