Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска пресуда за случајот Алмир

0
By Нова ТВ on April 5, 2018 ПОЛИТИКА
Фото ТВ21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 5, 2018 10:18

Денеска се очекува кумановскиот суд да  изрече пресуда за убиството на 4 годишниот Алмир.

Сите четворица обвинети во случајот на минатото рочиште се изјасниле како невини – и возачот на мерцедесот, Бобан Илиќ кој го удри Алмир и таткото на детето, Седат Алиу и двајцата чичковци на Алмир, кои претходно се карале и го нападнале Илиќ.

Во завршните зборови пред кумановскиот суд адвокатот на таткото на Алмир побара одново да почне главната расправа. Причина за ова е што Обвинителството достави две нови вештачења, поради кои го преквалификува делото од убиство со умисла во тешки дела во сообраќајот, а токму вештаците кои ги изработиле немале лиценци.

За бранителот на Бобан Илиќ пак барањето на адвокатот на семејството Алиу е срамен чин. Смета дека неговиот клиент не само што не сторил убиство со умисла туку ниту делото кое му е на товар по преквалификацијата, тешки дела во сообраќајот. Смета дека настанот се случил од небрежност.

Сепак судот не прифати обновување на процесот и пресудата ја закажа за денеска.

Главен и круцијален доказ и за двајцата адвокати е снимката на која се гледа и расправијата меѓу Илиќ и Алиу и моментот кога мерцедесот удира во Алмир.

Во овој случај обвинителството се премисли за делото во завршните зборови, повикувајќи се на двете вештачења кои сега се спорни за дел од одбраната.

Обвинителката рече дека обвинетиот Бобан Илиќ извршил кривично дело „сообраќајна несреќа“ со што ја загрозил безбедноста на пешаците, возејќи со брзина од скоро 40 километри на час, но Илиќ не го извршил делото со умисла. По ова Илиќ беше ослободен од притвор.

Ова предизвика несогласувања во Јавното обвинителство, при што четворица обвинители отворено застанаа против одлуката за преквалификација, нарекувајќи ја неоснована, додека пак јавниот обвинител Љубомир Јовески го осуди нивното јавно обраќање и најави дека оваа нивна постапка ќе биде разгледа од етичкито совет.

Во меѓувреме и министерот за правда Билен Саљили си поднесе оставка, тврдејќи дека е од морални причини за овој случај.

Од ДУИ поднесоа барање за формирање работна собраниска група која ќе ги испита сите аспекти на случајот.

Досега се одржаа и неколку граѓански протести за правда за малиот Алмир, од кои два пред Јавното обвинителството, и еден неодамна пред Владата.

 

Алмир Илиќ Јовески обвинителство преквалификација пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.