Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денот Д за Каталонија: Независност или симболична изјава

2
By Нова ТВ on October 10, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Каталонскиот претседател Карлес Пучдемон се соочува со зголемен притисок да ги отфрли плановите за отцепување од Шпанија, пред денешното клучно обраќање во регионалниот парламент.

Меѓу шпекулациите се и тие дека тој може да објави еднострано прогласување независност по референдумот.

Никогаш порано светот толку внимателно не го следел регионалниот парламент на Каталонија. Вечерва, со голем број полицајци и демонстранти надвор, лидерот на регионалната влада Пучдемон треба да им се обрати на пратениците од Каталонија.Тој планира да ги претстави резултатите од референдумумот за независност од 1 октовмри, кој Мадрид го прогласи за незаконски.

Пучдемон досега во неколку наврати изјави дека ќе прогласи независност и покрај жестокото противење на Шпанија и критиките од европските влади.

Парламентот на Каталонија требаше да се состане вчера со очекување дека ќе ја поддржи декларацијата за независност, врз основа на мнозинството гласови на 1-ви октомври.

Сепак, седницата беше блокирана од страна на шпанскиот Уставен суд, кој исто така се обиде да го запре самиот референдум.

Сега, дали Пучдемон ќе ја оствари својата „закана“? Или тој ќе објави посуптилна стратегија, надевајќи се се уште на соодветен, признат, референдум еден ден?

Франција и Германија со поддршка за обединета Шпанија

Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот рече дека “ја потврдуваат поддршката за единството на Шпанија” во телефонски разговор со премиерот Мариано Рахој.

Француската влада исто така соопшти дека доколку се прогласи независност “тоа нема да биде признаено”.

Европската унија јасно стави до знаење дека ако Каталонија се оддели од Шпанија, регионот ќе престане да биде дел од ЕУ.

Градоначалникот на Барселона го повика Пучдемонт и шпанскиот премиер Маријано Рахој да ја “смират” кризата.

Пред говорот на Пучдемонт во парламентот на Каталонија вечерва, градоначалникот Ада Колау го повика да не прогласува независност, а воено го повика премиерот Рахој да ја отфрли директната контрола од Мадрид.

-Ги повикувам да не преземаат никаква одлука што би можела да ја уништи можноста за каков било дијалог и посредништво, рече Колау. Тоа е најхрабриот чин што можат да го сторат сега”.

И лидерот на шпанската социјалистичка опозициска партија, Педро Санчез исто така се противи на независноста. Тој им изјави на новинарите во Барселона дека ќе ја поддржи акцијата од владата во Мадрид “во пресрет на секој обид за кршење на социјалната хармонија”, доколку дојде до унилатерално прогласување на независност.

Шпанската влада се закани дека ќе ја суспендира автономијата на североисточниот регион.

Економскиот притисок, исто така, се зголемува и врз каталонските сепаратистички лидери, откако повеќе поголеми компании ги селат главните канцеларии надвор од регионот.

Издавачката компанија Групо Планета изјави дека ќе се пресели од Барселона во Мадрид доколку биде проглаена независност.

И двете најголеми банки во Шпанија веќе објавија дека ги селат канцеларии надвор од регионот.

Каталонија е еден од најбогатите региони во Шпанија, со што е четвртина од извозот на земјата.

Што ќе каже Пучдемон?

Има голем број шпекулации за тоа што може да каже Пучдемон во обраќањето во парламентот.

Тој може да побара од парламентот да прогласи независност врз основа на законот за референдум што го усвои минатиот месец, што пак може да ја натера шпанската влада да ја укине автономијата, постапувајќи според член 155 од уставот.

Би Би Си повикувајќи се на свои извори, објави дека без оглед на тоа што ќе каже  Пучдемон, неговата изјава ќе предизвика 48-часовен период во кој пратениците треба да прогласат независност, според каталонскиот закон.

Но, пратеник од партијата на Пучдемон изјави дека сегашниот план е да тоа да биде “симболична изјава” наместо прогласување независност, која б траела кратко.

 

говор Каталонија независност парламент Пучдемон Рахој Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.