Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дерби со реми: Шкендија го одби Вардар, хет-трик на Илијоски на Чаир

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 14, 2018 17:36

Шкендија го одби нападот на Вардар за бодовно приближување и загризување на нејзината лидерска позиција на табелата во домашното фудбалско првенство. „Црвено-црното“ дерби на „Еколог арена“ заврши без победник (1:1) што значи останување и на осумте бода предност на тетовци во однос на бранителот на титулата. Вардарци поведоа преку Бобан Грнчаров во 79 минута, израмни Бесарт Ибраими во 86.

Победник немаше и на два од преостанатите три меча што се играа попладнево. Со идентичен резултат како во Тетово заврши и дуелот меѓу Победа и Пелистер. Борче Маневски реализира за битолчани во деветтата минута, Даноски возврати две минути подоцна за прилепчани за 1:1, резултат што остана непроменет до крајот.

Најсиромашно со голови беше на натпреварот Работнички – Ренова (0:0), но затоа на Чаир беа постигнати седум пришто Шкупи ја совлада Академија Пандев со 5:2. Баже Илијоски беше централна фигура и со хет-трик го прослави дебито за чаирчани во официјален меч. Искусниот напаѓач погоди во седмата минута, во 17. и во 23., во второто полувреме се надоврзаа Ален Јашароски во 59 минута и Кристијан Стојкоски во 79. Двата за „академците“ беа дело на Стоилов во 31 минута и Италијанецот Џулио Грифони во 71.

Прволигашки фудбал денеска, и покрај најавите, сепак, немаше во Кратово каде Силекс треба да игра со Скопје. Мечот беше одложен поради отсуство на услови за игра.

Прва лига, 19 коло

Шкендија – Вардар 1:1

Победа – Пелистер 1:1

Работнички – Ренова 0:0

Шкупи – Академија Пандев 5:2

Силекс – Скопје (одложено)

Табела: Шкендија 47, Вардар 39, Силекс 31 (-1), Шкупи 26, Академија Пандев 25, Работнички 24, Победа 20, Ренова 19, Пелистер 17, Скопје 10 (-1).

Идно коло (18.02.2018 год.): Шкупи – Шкендија, Вардар – Победа, Ренова – Силекс, Академија Пандев – Скопје, Пелистер – Работнички

Баже Илијоски Вардар Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.