Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров:Никој не побарал да отвориме центри за азил,тоа е шпекулација

0
By Нова ТВ on July 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 16, 2018 22:22

Балканот не може да биде користен за одбрана од бегалците. Ние сме остров, транзитна земја. Секој кој доаѓа кај нас, доаѓа од земја на ЕУ, вели во интервјуто за WELT министерот за надворешни работи Никола Димитров направено во средата пред објавувањето на одлуката на НАТО за покана на Република Македонија за пристапни преговори.

На прашањето каков е ставот на македонската Влада за воспоставување на трајни центри за азил во Македонија, Димитров одговара дека веќе имаме два транзитни центра.

– Засега, идејата, да се воспостават такви центри во нашиот регион, е бездруго шпекулација. Никогаш не сме добие официјално барање. Балканот е остров среде ЕУ. Не може да се бара од земјите на овој остров да преземат таков товар, ако не се дел од ЕУ. Мислам дека во однос на ова ќе останеме многу непоколебливи. Нашиот дел ќе го направиме. Кога ќе станеме членка на ЕУ ќе ја покажеме нашата целосна солидарност, вели Димитров. Според него, Балканската рута сега има поинаков тек, а бројот на мигранти е значително намален и моментално има само меѓу 30 до 50 лица.

На прашањeто колку важен е датумот 2019 како датум за почеток на преговори со ЕУ, Димитров истакнува дека јавната поддршка за влез во ЕУ се движи од 70 до 80 проценти.

– Моментално доживуваме период како оној во 2004, кога го добивме статусот на земја кандидат. Моравме долго да чекаме поради спорот со името (со Грција, забелешка на редакцијата). Во меѓувреме ја добивме деветтата позитивна препорака од Брисел. Три четвртини од нашето дејствување се одвива со ЕУ. Исто толку голем е и уделот на европски инвеститори. За нас не постои друг план освен европската интеграција, нагласува тој.

Димитров вели дека географски, ние сме опкружени со земји членки на НАТО, а на прашањето дали Русија би можела да го сфати ова како провокација, Димитров вели дека овој сигнал не е против ниедна земја, вклучително и Русија.

– Ние ги набљудувавме новите тензии помеѓу Западот и Русија, околу Кримската криза. На долг рок, ние, Европјаните, ќе мора да најдеме начин да ги возобновиме односите со Русија. Светот се смени, НАТО повеќе не е ривал на Русија. Тој не е против Русија, туку за стабилност и за земјите кои се водени од демократски принципи. Демократиите не се заинтересирани за тоа, да им се закануваат на другите, додава тој.

На прашањето дали стравува од хибридно водење војна на Москва пред референдумот, министерот Димитров одговара дека ќе бидат внимателни и претпазливи.

– Прашањето за името мора да биде наша и само наша одлука. Нас никој не нè принудил на западна интеграција. Седумдесет до 80 проценти од нашите граѓани го поддржуваат, исто така, и членството во НАТО. Ние сега мораме да испорачуваме. На долг рок, нашето членство е добро за стабилноста на Балканот, вели министерот Никола Димитров во интервјуто за WELT.

азил Димитров ЕУ НАТО Русија центри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.