Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуел Јанева – ВМРО ДПМНЕ, Зврлевски никако да дојде на ред

1
By Нова ТВ on September 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 22, 2016 17:38

Втор ден Комисијата за политички системи го разгледува шестмесечниот Извештај на Специјалното јавно обвинителство.

Пратениците од владејачкото мнозинство,  речиси четири часа денеска можноста за збор од говорница ја искористија за лични напади и етикети врз специјалната обвинителката Катица Јанева. Присутен беше и обвинителот Марко Зврлевски, чиј Извештај е исто така на дневен ред, но тој молчешкум ја следи дискусијата, бидејќи до анализата за неговото работење никако да се стигне.

Патеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски ја праша Јанева колкав е нејзиниот капацитет за водење на СЈО.

-Дали вие како обвинител во Гевгелија сте воделе и колку на број случаи каде што кривичните дела или санкциите надминуваат пет години затвор? Дали сте воделе случај од тежок организиран криминал? Колку и со кој успех биле завршени пред судовите? Дали сте воделе случај во гевгелиското обвинителство за злосторничко здружување, изборни измама или тешки кривични дела против државата, праша Милошоски.

На ова Јанева, која расправата ја следи со слушалки, прокоментира дека го слушала Милошоски концентрирано, исто како што слушала и во прислушуваните разговори.

-Сконцентрирано го слушав господинот Милошоски, бидејќи го слушам и во незаконско прибавените разговори и го знам многу убаво неговиот личен капацитет, а за мојот личен капацитет, шеф ми беше обвинителот Марко Зврлевски, он нека каже, одговори Јанева.

Пратеничката Солза Грчева забелжа на вчерашната изјава на Јанева дека не се плаши, бидејќи ја има поддршката од Груевски. Според не, дел од поддржувачите на Јанева сигурно ги запалиле маичките за поддршка на СЈО по изјава.

-Не го спорам Јавното обвинителство, бев прва да се гони криминалот и корупцијата, во животот не знам што е незаработено евро. Јас се борам против корупција, да се вратат сите украдени пари, но неселективно и непартиски… Вие вчера покажавте непознавање прво на правниот систем, потоа на политичкиот систем а најмалку на демократијата. Прво го прогласивте ова Собрание за легитимно, а вие сте производ на ова Собрание. Дали вие како правник искусен, не ви беше јасно дека 18 месеци за тешки кривични дела се многу малку време? Мене ми беше јасно сосема, уште дента,но не слушнав да реагирате тогаш, рече Грчева.

Пратеникот Горан Мисовски обвини дека владејачкото обвинителство е во оркестриран напад на Јнева, бидејќи се плашат од независна институција,

-Вие сте единствената институција во Македонија, која за жал на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја контролира. Овие луѓе и тие од Извршниот комитет, кои ја доведоа Македонија на маргините, не може да се помират со тоа што еве една институција не може да ја контролираат, тие сакаат се да одлучуваат. Извршниот комитет одлучува кој ќе оди во затвор, кој ќе биде пуштен од затвор, кој ќе оди во притвор, кој не, сега гледате кога сите пратеници го изгласавме Законот за СЈО, гледате каков оркестриран напад има на институцијата, посочи Мисовски.

Јанева одговарајќи на нападите, читаше делви од Законот за специјалното обвинителство според кое се утврдени нејзините надлежности.

-Барам сите луѓе опфатени од притвор да се пуштат. Јас не сум за мерката притвор, само кажувам дека е различен пристапот на судот за Обвинителството за организиран криминал и СЈО.  Да ви кажам, во преметот Шпион кој го застапуваме пред Апелационен суд има луѓе кои по 4 години се во притвор. Три пати бараме за секој обвинет да се пушти од притвор, Апелација одбива, рече Јанева.

На пратеничко прашање за Зоран Заев кој е обвинет во случајот Пуч, Јанева рече дека ќе го праша и него, кога судот ќе закаже рочиште, односно на 1. ноември.

-Немам земено изјава од господинот Заев. Ќе го прашам обвинетиот Заев во предметот Пуч, кога судот ќе го закаже предметот да се суди, рече Јанева.

Седницата е во тек. По паузата од 14:30 до 17:00 часот, претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев најави дека расправата ќе трае до 23 часот.

 

ВМРО-ДПМНЕ Извештај Катица Јанева расправа СЈО Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.