Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Духовито предупредување за климатските промени: Министер на Тувалу одржа говор во море до колена и со завратени ногавици

0
By Sashko on November 8, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Фото: Tuvalu's Ministry of Justice, Communication and Foreign Affairs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи на Тувалу, Симоне Кофе, во видео обраќање што ќе биде прикажано на Самитот за климатски промени на Обединетите Нации (ОН) во Глазгов, одржа говор стоејќи до колена во море, со завратени ногавици и на тој начин сакаше да прати порака за горливиот проблем – дека неговата островска држава во Пацификот се наоѓа на првата линија на загрозени земји со климатските промени.

Фотографиите со Симоне Кофе, кој сакаше да привлече внимание на борбата на Тувалу против растот на нивото на морето, набрзо ги преплавија социјалните мрежи.

Во видео пораката, Кофе укажува на реалните животни ситуации со кои се соочува втората најмала островска држава во светот како последица на климатските промени и истакна какви одважни акции преземаат властите за да се фатат во костец со итното прашање на мобилност на населението во услови на климатски промени.

Видеото го сними јавната телевизија ТВБЦ на Фонгафале, остров на кој се наоѓа и главниот град Фунафути, а треба да биде прикажано на Самитот во Глазгов во вторник. Материјалот снимен во време во кое регионалните челници бараат агресивно делување со кое би се ограничило влијанието на климатските промени.

Многу големи загадувачи ветија дека ќе ги интензивираат напорите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во текот на претстојната деценија, а некои, како крајна цел, имаат нулта нето емисија док 2050 година. Меѓутоа, челниците на пацифичкиот остров бараат итна акција, истакнувајќи дека е доведен во прашање опстанокот на пониските делови на Тувалу.

Глазгов климатски промени конференција министер обраќање ОН Свет Тувалу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.