Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца обвинети за 27 април излегуваат од притвор со гаранции

2
By Нова ТВ on April 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Горан Ѓошевски. поранешниот шеф на обезбедување на Трајко Вељаноски и Оливер Поповски од МВР, обвинети за насилствата во Собранието од 27 април, лани излегуваат од притвор, откако Кривичниот суд во Скопје ги прифатил нивните барања мерката притвор да им биде заменета со друга мерка – гаранција.

Од притвор излегува и обвинетиот Захарие Симовски, на кого судот му одредил куќен притвор.

„Кривичниот совет донесе решенија со кои за обвинетите Г.Ѓ. и О.П. го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција, со кои по правосилноста на решенијата и запишување на гаранцијата, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување на присуство во текот на постапката им се определуваат и мерки за претпазливост. Додека за обвинетиот З.С. се прифаќа предлогот за укинување на мерката притвор и се определува мерка куќен притвор“, стои во соопштението од судот.

Ѓошевски и Поповски, заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков и нивниот колега од МВР, Душко Лазаров на 28 март, еден ден по поднесувањето на обвинението за „крвавиот четврток“ беа вратени во „Шутка, откако претходно Врховниот суд, одлучувајќи по нивните жалби им одреди куќен притвор.

Чавков и Лазаров и натаму остануваат во притвор.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 27 март, поднесе обвинение за насилствата во Собранието. Од нив 28 се товарат за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а две лица се гонат за помагање.

27.април гаранција Горан Ѓошевски Кривичен суд Оливер Поповски притвори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.