Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Eдногласно усвоeн Протоколот за членство во НАТО: Сите 114 пратеници гласаа „за“

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Република Северна Македонија со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. Законот е со одложено дејство и ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.

Претходно, претседателот на Собранието Талат Џафери во својот говор истакна дека нашиот пат кон НАТО, гледан низ призмата на изминатите три децении, не беше ни малку лесен и беше испреплетен со многу турбулентни моменти. Го честита скорото зачленување во НАТО, потенцирајќи на заложбите што низ годините ги дале владите, парламентите, но и граѓаните со својата континуирана поддршка за членството во НАТО.

„Започна во 1993 година, кога тогашното Собрание ја донесе „Одлуката за стапување во членство во Северноатлантската договорна организација – НАТО“ со што недвосмислено и одлучно, пратениците како претставници на народот, ја искажаа својата решителност за членство во НАТО Алијансата, и го трасираа патот на тукушто осамостоената држава“, рече Џафери.

Потсети дека низ годините што следеа, Собранието донело четири декларации за поддршка и реафирмирање на интеграцијата на земјата во НАТО, со што повеќе собраниски состави покажаа доблест, решителност и висока државничка свест за позиционирање на државата во значајни, трајни и високо вреднувани меѓународни организации како што е НАТО Алијансата.

„И покрај нашиот неуспех да го постигнеме тоа на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, со добивањето условена покана за членство во Алијансата, иако разочарани, не бевме поколебани да продолжиме со остварувањето на нашата стратешка цел. Напротив, Собранието, Владата, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и сите други државни институции, продолжија многу трудољубиво и со многу голем ентузијазам, посветено да работат на реформската агенда поставена од НАТО“, рече претседателот на Собранието.

Евидентен пример за оваа дводецениска макотрпна работа, според него, се годишните национални планови и сојузништвото во мировните мисии на НАТО ширум светот, рамо до рамо со високо обучените и технолошки најразвиените армии на Алијансата, за што до ден денес нашите војници добиваат највисоки оценки за покажаната борбеност, подготвеност и дисциплинираност.

„Со ова, ние постигнавме „win-win“ ситуација, ја подготвивме Армијата и државата според НАТО стандардите и ги исполнивме НАТО критериумите за членство“, рече Џафери.

Паралелно со процесите на владино ниво, потенцира првиот парламентарец, Собранието активно и координирано делува повеќе од 20 години и во парламентарната димензија на НАТО, преку нашите асоцијативни делегации во Парламентарното собрание на НАТО, како активен и ценет партнер во ова Собрание. Самото споменување на седумте Рос-Рот семинари што сме ги организирале во Република Северна Македонија и заедничката соработка во многу други активности со ПС на НАТО, доволно зборува за нашата иницијативност и подготвеност да одговориме на својата улога во ова меѓународно собрание како респектабилен партнер кој ги вреднува и промовира трајните и заеднички вредности на целата Северноатлантска Алијанса.

Искажа, како што рече, особена гордост за работата на актуелното Собрание, за покажаната свест, државнички капацитет и грижа за иднината на нашите генерации, што успеа, надминувајќи ги сите сензитивни моменти, да го зацврсти столбот на нашата меѓународна позициoнираност – да не бидеме повеќе пред вратите на НАТО, туку заедно со нашите партнери, сите 29 земји-членки, на рамноправна основа да делуваме во рамките на Алијансата. Ги поздрави и упати, како што кажа, искрена почит и на сите досегашни парламентарни состави, на сите досегашни влади, на сите досегашни претседатели на државата, сите кои несебично, посветено и со ентузијазам го исполнуваа својот дел од задачата.

„Но најмногу од се, искрено сакам да изразам особена почит кон граѓаните на Република Северна Македонија, што во изминатите речиси три децении на нашата самостојност, непоколебливо покажуваа висок процент на поддршка на патот на нашата држава кон НАТО Алијансата. Наскоро, сите овие напори ќе добијат своја достојна валоризација и гордо ќе можеме да кажеме – Ние сме НАТО“, рече Џафери.

Претходно обраќања на свечената седница имаа претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски, координаторите на пратеничките партии и пратеници.

Знамето на НАТО се вее пред Собранието

Знамето на Северноатлантската алијанса се вее пред Собранието на Република Северна Македонија. По свечената собраниска седница, на претседателот на Собранието Талат Џафери му беше предадено знамето на Алијансата кое потоа беше закачено на јарболот до македонското знаме пред парламентарниот дом.

Македонија НАТО Протокол ратификација Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.