Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК го усвои извештајот: Препорачан почеток на преговори со С. Македонија

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија (ЕК) и официјално ги претстави извештаите за напредокот на Северна Македонија и до Советот на министри на Европската Унија препорача отворање на преговорите за членство на земјата. Овој заклучок, Комисијата го базира на постигнатиот напредок во однос на условите кои едногласно беа поставени од страна на Советот во јуни 2018 година. По објавувањето на извештајот за напредокот во кој комисијата препорачува почеток на преговори со Северна Македонија и во кој го поздравува напредокот во реформите, надлежните се надеваат дека Советот во март ќе даде позитивна одлука за преговори.

„Двете земји испорачаа дополнителни опипливи и одржливи резултати и поради тоа Препораката на Комисијата за отворање на преговори со Албанија и Северна Македонија останува валидна“, се вели во извештајот.

Европската Комисија стои цврсто на своите препораки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и се надевам дека земјите-членки ќе донесат позитивна одлука во наредните недели, порача еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји по објавувањето на извештаите за напредокот на двете земји.

Европската Комисија (ЕК) претпладнето ги објави и официјално двата извештаја за реформскиот напредок на Северна Македонија и Албанија, наменети за земјите членки на Унијата да донесат одлука на крајот на овој месец за почеток на преговорите.

Портпаролката на ЕК за проширување, Ана Писонеро, изјави дека Комисијата, по оваа проценка на двете земји, останува на ставот дека Скопје и Тирана се подготвени за почеток на преговорите со ЕУ и се надева дека овојпат Советот ќе даде зелено светло, паралелно со ревидираната методологија за преговори. Пролетниот самит на ЕУ е закажан за крајот на март, се очекува преговорите со Скопје и Тирана да бидат ставени на дневен ред.

Фактот што пред овие извештаи беше објавена новата преговарачка методологија е причината зошто Европската Комисија е оптимист дека земјите членки овој пат едногласно ќе одобрат почеток на преговорите.

„Се надеваме дека предлогот ќе функционира за двете страни, ги земавме предвид преокупациите на земјите членки и паралелно со тој предлог ги објавуваме овие извештаи кои покажуваат опиплив и одржлив напредок во клучните области кои Советот сам ги идентификуваше, ова е добра основа за носење на позитивна одлука и значително пред самитот во Загреб, изјави Писонеро.

Фото: albanianews.it

Извештаите објавени денеска го поздравуваат напредокот во двете земји. За Северна Македонија, ЕК смета дека земјата презела значајни чекори за зајакнување на независноста на судството и борбата против корупцијата, и остварила напредок во реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.

Што се однесува до Албанија, ЕК смета дека земјата остварила опиплив напредок во судските реформи и ветингот на судиите како и во делот на политичкиот дијалог и намалувањето на неоправданите барања за азил на албански граѓани во земји на ЕУ.

Северна Македонија и Албанија сега го чекаат судот на земјите членки. Еден од проблемите кои се најавуваат повторно е прашањето за одвојувањето на двете земји, со оглед на тоа дека Холандија ставила на знаење на последната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ дека зеленото светло за Албанија е тешко изводливо. Се очекува повторно да се изјасни и холандскиот парламент на оваа тема.

Франција, од своја страна, се противи на секакво одвојување на двете земји.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека се израдувал на Извештајот на Европската комисија, во кој се оценува дека нашата држава остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

Европска комисија ЕУ Извештај Македонија преговори Препоарака членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.