Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Економска анализа на земјите што се приклучија на НАТО и ЕУ

0
By Нова ТВ on September 29, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 29, 2018 20:06

Економска анализа на земјите што станаа членки на НАТО при последното големо проширување во 2004-та година кога на Алијансата и се придружија Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија покажува забрзување на економскиот раст, зголемување на странските инвестици, зголемување на вкупните инвестици и зголемување на кредитната активност.

Според податоците на Светската Банка, кај сите овие земји било регистрирано и намалување на невработеноста, но интересно и зголемување на животниот век. Дел од овие земји, станаа членки на Европската унија истата година, освен Романија и Бугарија кои три години по приемот во НАТО, се придружија и на Европската унија. Кај сите земји по првичниот залет и раст на економијата, има застој во 2009 та поради економската криза, по што продолжува постепена сатабилизација на економијата.

 

 

 

Експертите се согласни дека подобрувањето на економските перформанси е поради фактот дека „економскиот раст зависи во голема мера од способноста на земјата да обезбеди одржлив мир и стабилност, односно долгорочна безбедност и политичка стабилност“, што го гарантира членството во НАТО.

Бенефит од зачленувањето во НАТО почувствува и Албанија која се придружи на Алијансата во 2009 та, кога на Македонија поради спорот со Грција и беше блокиран приемот во Алијансата и условен со рашавање на спорот за името.

Малите земји тешко можат да влијаат врз политиките и одлучувањето на глобално ниво. Единствениот начин да се зголеми влијанието е преку интеграции во наднационални организации. Со зачленување во НАТО и ЕУ,  по принципот на “еднаков меѓу еднаквите” и принципот на солидарност и Македонија ќе има можност за влијание и еднакво право во носење на одлуките во овие организации.

Членството во НАТО обезбедува поголема безбедност што дава можност за политичка и економската стабилност. Членството во ЕУ  значи влегување во голем и развиен пазар од 500 милиони потрошувачи, односно во најголемата светска економија со учество од 23,8% од светскиот БДП, по која следуваат САД со 22,2% и Кина со 13,4% во 2014 година (Eurostat).

БДП по жител во ЕУ изнесува околу 25,000 евра и просечна стапка на невработеност е 9-10%.

 

Македонија доби покана за членство во НАТО и Протоколот за пристапување треба да се потпише на почетокот на наредната година и  да биде ратификуван во парламентите на сите земји членки на Алијансата. Во однос на Европската унија, комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан на вториот ден од подготвителниот скрининг со Македонија рече дека почетокот на овој процес е знак за силната заложба на Европската Унија кон Македонија и Албанија и дека очекува оваа фаза да заврши до следното лето за првата меѓувладина конференција да се одржи наесен во 2019 година, со што и официјално треба да започнат преговорите за членство со ЕУ.

Хан исто така кажа дека самиот процес е од интерес на граѓаните и ги унапредува нивните услови за живеење – владеењето на правото, стабилизација на економијата и привлекување на инвеститори кои ќе отворат нови работни места, и на кој начин „одливот на мозоци“ ќе се замени со циркулација на работната сила.

Според него, за граѓаните не е интересно колку поглавја се отворени, и дека треба да се најде јазик за да се допре до граѓаните.

Тој посочи дека овој проблем кој е забележителен и земјите кои се во понапредна фаза од процесот, е што луѓето гледаат на ЕУ како на некој кој постојано бара реформи и укажа на потребата од објаснување пред луѓето на позитивните резултати и влијанието кое самиот процес го има врз нивните живот, а не само влијанието кое ќе го има крајната цел, пристапувањето.

Хан потенцираше дека сака да го заврши својот мандат следната година со јасен сигнал дека дека се отворени  поглавјата со Македонија и кажа дека ќе ги вложи сите напори за тоа.

 

 

економија ЕУ НАТО невработеност раст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.