Силна експлозија одекна во Дортмунд пред дуелот Борусија и Монако во Лига на шампиони, во близина на автобусот на домашниот тим.

Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во делот на градот Хохстеин, кој се наоѓа во близина на стадионот „Сигнал Идуна Парк“, а од клубот е потврдено дека одекнала во непосредна близина на автобусот.

После неколку минути беше потврдена и информацијата дека еден играч е повреден. Станува збор за фудбалерот Марк Бартра.

Шпанецот е превезен во болница со повреди од стакло, кое прснало во негова близина.

УЕФА одлучи да го одложи натпреварот кој требаше да почне во 20.45 часот.