Важно е Европската унија да соработува со партнетрите од Балканот во областа на превенцијата и борбата против радикализацијата и тероризмот, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Унијата.

„Посебно е важно да имаме соработка со земјите, кои не се само кандидати за членство во ЕУ, туку се и дел од регионот кој заедно со нас е повеќе погоден од овој феномен“, рече Могерини .

На неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на ЕУ во Талин, на кој денеска присуствуваа и министрите од земјите-кандидатки, разгледани се мерки кои би можеле да бидат преземени за превенција и борбра против радикализацијата и тероризмот. На состанокот учествува и македонскиот министер заработи Никола Димитров.