Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евролига: Премиерна титула за Фенербахче, трета за Перо Антиќ

0
By Нова ТВ on May 22, 2017 СПОРТ
Фото: euroleague.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фенербахче се впиша во листата на освојувачи на кошаркарската Евролига. До премиерната титула во престижното клупско натпреварување на стариот континент, тимот од Истанбул стигна по победата над Олимпијакос со 80:64 (по четвртини: 26:18, 13:16, 21:14, 20:16) во финалето на Фајналфор турнирот и стана прв турски претставник што успеал до тронот по ланскиот пораз од ЦСКА Москва по продолженија.

Фото: euroleague.net

Перо Антиќ по третпат во кариерата е на страна на шампионска екипа во Евролигата, сега против екипата од Пиреја со која ги подигна претходните два трофеја во 2012 и во 2013 година. Македонскиот интернационалец не настапи во полуфиналето против Реал Мадрид (84:75), но доби нешто повеќе од осум минути во мечот за титулата во „Синан Ердем Дом“. Времето минато на паркетот го пополни со четири поени (1/2 слободни фрлања, 1/2 за тројка) и еден скок (дефанзивен).

Фото: euroleague.net

И Жељко Обрадовиќ додаде уште една во неговата, и онака, импресивна тренерска кариера. Српскиот менаџер ја покори елитата по деветти пати со петти различен клуб. По Партизан во 1992 година, Хувентуд во 1993, Реал Мадрид во 1995 година и Панатинаикос во 2000 година, во 2002, во 2007, во 2009 и во 2011, дочека и со Фенербахче во 2017 година.

Олимпијакос одржуваше чекор со Фенербахче во првото полувреме и на почетокот на второто. Меѓутоа, екипата од Истанбул во третиот период направи серија од 11:2 што беше пресудна за трасирање на патот кон посакуваната цел. Таквиот впечаток се потврди во последната четвртина во која домашните поведоа со 18 поени разлика за кршење на отпорот и противникот и мирно привршување на финалето.

Фото: euroleague.net

Никола Калиниќ и Богдан Богдановиќ уфрлија по 17 поени, двоцифрени беа уште Луиџи Датоме со 11 и Екпе Јудо, МВП на финалниот турнир, со 10. Кај поразената екипа, Кем Бирч постигна 14, Никола Милутинов го додаде 10. Сите останати играчи во ростерот на Јоанис Сфаиропулос беа запрени на едноцифрен број реализации.

Бранителот на титулата, ЦСКА, овојпат мораше да се задоволи со бронзен медал. Московјани во мечот за третото место го поразија Реал Мадрид со 94:70 (по четвртини: 23:10, 22:22, 24:24, 25:14). Кајл Хајнс со 14 поени и Нандо де Коло и Арон Џексон по 13 беа најефикасни меѓу „армејците“, на спротивната страна по 11 дадоа Густаво Ајон и Јонас Мациулис.

Евролига – Фајналфор

Финале: Фенербахче – Олимпијакос 80:64 (по четвртини: 26:18, 13:16, 21:14, 20:16)

За трето место: ЦСКА Москва – Реал Мадрид 94:70 (по четвртини: 23:10, 22:22, 24:24, 25:14)

Полуфинале

Фенербахче – Реал Мадрид 84:75 (по четвртини: 21:13, 23:21, 19:16, 21:25)

Олимпијакос – ЦСКА Москва 82:78 (по четвртини: 18:12, 22:21, 24:27, 14:22)

Евролига кошарка Олимпијакос Перо Антиќ Фајналфор Фенербахче финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.