Солидарноста никогаш не била повеќе важна, се вели во објавата на Инстаграм од Европската комисија.

 

„Им благодариме на сите земји што понудија итна помош за Украина преку нашиот #EUCivilProtection Mechanism минатата година. Нашиот колективен одговор против војната во Украина е најголем досега од ваков вид. Но, тоа не би било возможно без земјите на 🇪🇺 и придружните земји кои учествуваат во нашиот Механизам, кој беше клучен во испраќањето итна помош до 🇺🇦“, соопшти Европската комисија.