Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче со најава за план на рестриктивни мерки: Можно е враќање на полицискиот час

0
By Нова ТВ on August 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здравстевниот систем се подготвува за лоши сценарија со многу пациенти, но истовремено се надеваме дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, вели министерот за здравство Венко Филипче.

„Имаме план за дополнителни рестрикции во согласност со некои мерки и наскоро ќе го промовираме. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик“, нагласува Филипче.

Тој во интервју за мкд.мк потенцира дека во опција како една од мерките е враќање и на полицискиот час, затворање на училиштата и на угостителските објекти и забрана за собири, додавајќи дека во планот на рестрикции битен е регионалниот пристап. Полошо сценарио, според него, би значело поголем број на пациенти и од сезонски грип, кои би ги окупирале истите одделенија на кои сега лежат пациенти со Ковид-19.

„Точно предвидување никој не може да каже. Ниту една од земјите и во регионот и во Европа немала есен со пандемијата“, додава Филипче.

Во тој контекст и подготовката на 16 ковид-центри и монтажни болници кои би требало да почнат со работа наесен.

„И клиниките и болниците имаат план кој од нивните експерти ќе ги менаџира, а целта е ковид-пациентите физички целосно да се одвојат од останатите. Мислам дека тоа е еден одличен систем. Со тој план што го направија со надополнување на бројот на инфектолози, со лекари специјалисти од интерна медицина, можноста да ги регрутираме овие лекари и од примарното здравство ќе може да се менаџира“, истакнува Филипче.

Тој напоменува дека во такви услови особено мора да се биде внимателен со децата, потенцирајќи дека смета оти предлогот на Комисијата за заразни болести за настава до трето одделение со физичко присуство, а за другите онлајн, е сосема солиден.

„Нашите препораки се темелат на епидемиолошките сознанија, а Министерството за образование и наука треба да одговори за другите предизвици. Апсолутно мислам дека е солидна препораката за учениците од прво до трето одделение. Мислам дека треба да одат во училиште ако се согласни родителите“, вели Филипче, додавајќи дека доколу родителите не се согласат со ваквиот предлог тогаш треба да има и онлајн-модел.

Во услови кога се испитуваат повеќе вакцини против Ковид-19, министерот за здравство смета дека оптимистичко сценарио е вакцината да биде достапна на почетокот на 2021 година.

„Аплициравме за ковакс-механизмот на СЗО, кој би ги дистрибуирал вакцините тогаш кога секоја ќе дојде до производителите. Немаме доволно сознанија за тоа до каде се вакцините. Компаниите што се пријавени во ковакс се блиску до третата фаза на клиничко испитување. Мислам дека е оптимистичко сценарио на светот да му биде достапна вакцина во почетокот на следната година. Тие што се најнапред во процесот. За руската (вакцина) немаме многу сознанија, сè уште истражуваат нашите експерти“, потенцира Филипче.

Тој нагласува дека од почеток на појавата на епедимијата било укажувано дека здравствениот систем и здравствените работници не можат сами да ја изменаџираат кризата и затоа од исклучителна важност е свеста кај граѓаните и почитувањето на мерките.

„Има сериозен дел од граѓаните што ги почитуваат, меѓутоа има исто сериозен дел што не ги почитуваат. Оваа здравствена криза нам ни наметна живеење по некои правила и многу е битно граѓаните да сфатат дека ова станува дел од здравствената култура. Има постојано апели, има примери, има луѓе со тешка форма на болеста, има луѓе што загубија блиски членови на семејството. Болеста е тука и постои, мора да се свесни граѓаните дека се самите одговорни за своето здравје ако не водат сметка. Јасни се принципите за превенција и ширење на вирусот“, потенцира Филипче.

Венко Филипче Ковид-19 Македонија министер најава план рестриктивни мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.