Италијанскиот селектор Џампјеро Вентура го објави списокот со фудбалери за дуелот со Албанија (24 март) во квалификациите за Светското првенство во 2018 година и за пријателското гостување против Холандија на 28 март.

Во кампот на „азурите“ за претстојните натпревари ќе има и четворица дебитанти. За првпат во националниот тим се повикани Алекс Мерет (20), голман на второлигашот Спал, потоа дефанзивците на Аталанта и Интер, Леонардо Спинацола и Данило Д’Амбросио и играчот за врска на Интер, Роберо Галјардини.

„Азурите“ ќе играат против селекцијата на Албанија на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, а на „лалињата“ ќе им гостуваат на „Амстердам арена“.

Список на Италија за мечевите со Албанија и Холандија

Голмани – Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Џанлуиџи Донарума (Милан), Алекс Мерет (Спал)

Одбрана – Давде Астори (Фиорентина), Андреа Барзалји (Јувентус), Леонардо Бонучи (Јувентус), Матео Дармијан (Манчестер јунајтед), Данило Д’Амбросио (Интер), Матеа де Шилјо (Милан), Алесио Ромањоли (Милан), Даниеле Ругани (Јувентус), Леонардо Спинацола (Аталанта), Давиде Запакоста (Торино)

Среден ред – Даниеле де Роси (Рома), Роберто Галјардини (Интер), Марко Пароло (Лацио), Марко Верати (ПСЖ), Федерико Бернардески (Фиорентина), Антонио Кандрева (Интер), Лоренцо Инсиње (Наполи), Никола Шансоне (Вилјареал)

Напад – Андреа Белоти (Торино), Едер (Интер), Маноло Габијадини (Саутемптон), Чиро Имобиле (Лацио)