НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски и швајцарски весници по изборите во Македонија: Албанскиот проблем на Заев

0
By Нова ТВ on July 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текстот на германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЦ) со наслов „Максимални барања“, авторот и добар познавач на состојбите на Балканот, Михаел Мартенс прашува: Дали Северна Македонија ќе добие албански премиер? – За, како што го нарекува, „албанскиот проблем на Заев“, Мартенс натаму пишува:

„Сметајќи според изборните резултати, Заев би можел да ја продолжи коалицијата со ДУИ на Ахмети. Најголемата албанска партија во Северна Македонија во изминатите две децении речиси секогаш била вклучена во владата во Скопје и важи за идеолошки флексибилна сè додека има само пристап до државните садови. Но, партијата ја водеше својата изборна кампања со максимални етнички барања. Така ДУИ, како што вели, сака да влезе во разговори за коалиција, само ако кандидат од албанското население стане премиер. Предвидениот кандидат за премиерската функција, пак, меѓу другото објави дека сака да го направи албанскиот јазик задолжителен предмет во сите училишта. Ваквите барања одат предалеку дури и за Заев, иако тој му излезе во пресрет на албанското население повеќе од кој било шеф на владата пред него. Тој зборуваше за „уцена“ и уште пред изборите најави дека ќе се обиде, доколку е неопходно, гласовите што недостасуваат за формирање на владино мнозинство да ги позајми од ВМРО. Таа партија е најголем внатрешно-политички ривал на социјалдемократите на Заев, но и таа уште пожестоко ги отфрла повиците за албански шеф на владата и веројатно безусловно ќе сака да спречи влада со вакви приоритети“, читаме во весникот ФАЦ, пренесува „Дојче Веле“.

„Европските пријатели во водство“, пак, гласи насловот на текстот во германски весник „Зидојче Цајтунг“, посветен на исходот од македонските парламентарни избори, кој ја констатира објавата на изборната победа на СДСМ, а се осврнува и на хакерскиот напад врз интернет страницата на ДИК и на гласањето во услови на пандемија.

„Објавувањето на првичните резултати беше одложено поради веројатен хакерски напад. Инцидентот ја погоди официјалната интернет страница на изборната комисија, рече нејзиниот шеф Оливер Деркоски. Пребројувањето на гласовите течело нормално бидејќи централниот сервер не бил засегнат. Полицијата била информирана и утврдува кој стои зад нападот. Друг претставник на властите потврди дека е проширен вирус преку надворешен хакерски напад. Изборите во средата претходно беа одложени повеќе месеци поради коронавирусот. Гласањето сега се одржа во отежнати услови поради пандемијата, а сите гласачи мораа да носат маски и да одржуваат минимално растојание од два метра“ , пишува „Зидојче Цајтунг“.

И швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ во својот текст со наслов „Тесна предност на проевропскиот табор“  издојува дел за влијанието на пандемијата врз изборите:

„Во Северна Македонија, актуелните носители на власта немаa бонус за справувањето со пандемијата. По оставката на Заев, од почетокот на годината, земјата беше раководена од технократски кабинет. Како и во многу земји на Балканот, инфекциите повторно нагло растат со 100 до 200 случаи на ден. Северна Македонија со два милиона жители во моментот има 4.500 активни случаи. Покрај тоа, со речиси 400 починати, стапката на смртност е повисока од каде било во регионот. Стравувањата за здравјето може да се една од причините за тоа што само речиси секој втор избирач излезе на гласање“, пишува „Ноје Цирхер Цајтунг“ и во продолжение се осврнува на претстојниот процес на формирање на владата:

„Формирањето на владата веројатно ќе биде тешко. Во Северна Македонија, со силно албанско малцинство од 25 проценти, албанските партии традиционално дејствуваат како јазиче на вагата во формирањето на владите. Според последната состојба на пребројувањето на гласовите, во парламентот со 120 члена, социјалдемократите и нивниот доскорешен владин партнер ДУИ би можеле да имаат тесно мнозинство од 61 глас. Меѓутоа, најголемата албанска партија претходно го услови нејзиното учество со тоа нејзиниот водечки кандидат Насер Зибери да стане премиер. Иако односот помеѓу етничките групи се подобри во последните години, тешко е да се замисли албански шеф на владата во Северна Македонија“, констатира „Ноје Цирхер Цајтунг“.

„Ноје Цирхер Цајтунг“ „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ весници Германија Зидојче цајтунг Зоран Заев Избори 2020 коментари Македонија СДСМ Швајцарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.