Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Горан Грујевски:Не се чувстувам виновен за делото за кое ме обвинуваат

3
By Нова ТВ on May 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шестмината обвинети во случајот тврдина, во кој првоосомничен е началникот во УБК, Горан Грујевски денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат.

Вработените во УБК се обвинети во случајот Тврдина 2, а СЈО ги товари за фалсификување службена исправа и за уништување на службена документација.

Денеска по речиси една година, започна главната расправа за овој предмет. Во текот на расправата, адвокатите на одбраната побараа судот да ги изземе класифицираните докази на СЈО, со образложение дека се стекнати на недозволен начин. Обвинителите од СЈО рекоа дека доказите се стекнати по легален пат и дека обвинителството преку допис ги побарало од УБК, од каде им биле доставиле.

Судијката Лидија Петрова го одби барањето на адвокатите на обвинетите и деклсифицираните докази СЈО ќе може да ги користи во постапката. Грујевски и шестте службенички се обвиенти дека запалиле службени документи на тајната полиција, поврзани со нелегалното прислушување.

Читањето на обвинението се одвиваше зад затворени врати, затоа што обвинението ги содржело работните позиции на обвинетите во УБК, а тоа било класифицирана информација.

Обвинителот Љубомир Лапе обвинението ќе го поткрепува преку сведоци за кои не открива дали работеле или работат во тајната полиција.

„Првпат по повеќе од година и неколку месеци, имавме можност да дадеме воведни зборови за конкретен кривичен предмет, односно кратко изјаснување на содржината на обвинителниот предлог. И вие имавте делумно прилика да го слушнете произнесувањето на обвинетите“, изјави Лапе.

Продолжението на главната расправа се закажа за 3.јули поради тоа што на расправата не беа присутни сведоците.

документација обвинети прислушување СЈО Тврдина 2 УБК уништување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.