Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчкото министерство за здравство до невакцинираните здравствени лица: Ако се вакцинирате, ќе се вратите на работа

0
By Sashko on September 3, 2021 РЕГИОН
Фото: usnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 3, 2021 12:20

Министерството за здравство на Грција им дава можност на невакцинираните здравствени работници да се вратат на работа, доколку примат прва доза на вакцина против ковид-19, но потоа и да ја завршат имунизацијата, наспроти досегашната одлука што не им гарантираше враќање на истата позиција, во случај на вакцинација по 1 септември и добиено решение за принуден неплатен одмор, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот министер за здравство на Грција, Танос Плеврис, соопштувајќи ја одлуката рече дека задолжителната вакцинација за вработените во националниот здравствен систем „беше воведена со цел да се придонесе за заштита на јавното здравје“, но бидејќи немаат намера да казнуваат, го доставуваат конкретниот амандман.

Објасни дека огромното мнозинство на здравствени работници „не само што се вакцинираше, туку водеше битка за вакцинација на граѓаните“ и додаде дека законот се спроведува за малиот број невакцинирани, „кои го ставаат во опасност животот на луѓето кои бараат помош од здравствениот систем“.

Меѓутоа, бидејќи немаме расположение за казнување, со амандманот што го доставуваме, им даваме можност на оние здравствени работници кои отсега ќе се вакцинираат со првата доза, да се укине статусот на суспензија и веднаш да се вратат на работа, под услов да ја завршат вакцинацијата, рече Плеврис.

Во средата стапи во сила одлуката на грчката Влада за задолжителна вакцинација на сите вработени во државните и приватните болници во Грција, а невакцинираните здравствени работници ќе бидат на принуден, неплатен одмор.

Вчера, Федерација на вработени во државните болници, одржа мирни протести во Солун и Атина против задолжителната вакцинација на здравствените работници.

амандман вакцинирани Грција Здравствени работници невакцинирани работа регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.