Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грнчаров: По двете победи на домашен терен, одиме и на трета

0
By Нова ТВ on August 17, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 17, 2017 10:52

Ќе успее ли Вардар да се издигне над турбуленциите во кои западна клубот во изминатите денови? – Дали најавата за повлекување на спонзорот Сергеј Самсоненко, оставката на тренерот Гоце Седлоски и заминувањето на напаѓачот Џонатан Боарето ќе успее да ги направи посилни „црвено-црните“ или ќе се одрази врз нивната игра? – Жешкиот костен сега е во рацете на Чедомир Јаневски кој ќе мора да амортизира со внесување на свежина во играта и со резултати. Зад себе има само два тренинга со екипата, синоќа беше промовиран за нов кормилар, а веќе вечерва (20 ч.) ќе ја предводи екипата на „Телеком арена“ против Фенербахче во првиот плеј-оф дуел за Лига Европа (ЛЕ) на УЕФА.

„Фенербахче е голем клуб во Турција. Ќе биде умешност да се игра против него. Запознати сме со начинот на кој игра. Неопходна е голема борба. Неспорни се нивните исклучителни индивидуални способности. Вардар е пред шанса да покаже дека поседува квалитет и се што е потребно за успех и да стане прва екипа од Македонија во групна фаза во европско натпреварување“, истакна Јаневски.

Вечерашниот меч на Вардар ќе биде петти европски ова лето. Македонскиот првак почна во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), го елиминира Малме и беше елиминиран од Копенхаген. Токму минувањето на шведскиот состав во второто коло значеше уште најмалку четири настапи бидејќи поразените екипи во во третото во ЛШ се селат во плеј-офот во ЛЕ. Капитенот се надева во нова добра претстава на домашен терен што ќе значи и нова победа пред реваншот во Истанбул.

„Фенербахче е најдобрата екипа што гостувала во Македонија во последните неколку години. Екипа со голем број на индивидуалци кои со еден потег може да решат противник. Немаме пораз како домаќини во двата претходни меча, се надевам дека така ќе биде и во претстојниот. Ќе играме пред полни трибини, не се сомневам дека ќе имаме поддршка на што, верувам, ќе возвратиме со добра игра и со победа“, изјави капитенот Бобан Грнчаров.

Главен судија на вечерашниот натпревар ќе биде Италијанецот Лука Банти во чија ќе му асистирааат сонародниците Матео Пасери и Фабијано Прети.

Лига Европа/плеј-оф/први мечеви

Денеска играат

Динамо Загреб – Скендерберг

БАТЕ Борисов – Олександрија

Аполон – Митјиланд

Краснодар – Црвена звезда

Хафнарфјордур – Брага

ПАОК – Естерсунд

Вардар – Фенербахче

Викторија Плзен – АЕК Ларнака

Лудогорец – Судува

Алтах – Макаби Тел Авив

Панатинаикос – Атлетик Билбао

Легија Варшава – Шериф Тираспол

Домжале – Олимпик Марсеј

Ајакс – Розенборг

Виторул – Салцбург

Бриж – АЕК

Осиек – Австрија Виена

Милан – Шкендија

Партизан – Видеотон

Евертон – Хајдук

Маритимо – Динамо Киев

Вардар квалификации Лига Европа Фенербахче фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.