Грција најави дека планира да ги подигне граничните рампи за туристи од 1 јули, а министерството за наутика и островска политика објави план за работа на бродовите во земјата според кој пловните објекти во кои нема кабини, ќе може да пополнат до 50 отсто од капацитетот.
Максималниот број патници на бродовите со заеднички кабини ќе биде 55 проценти од вкупниот капацитет како во внатрешноста, така и во надворешниот дел (палуби). Бродска кабина, пак, ќе може да резервира и користи едно лице, односно максимум четворица во случаи на семејства.
Кабините природно ќе се проветруваат, а вратата ќе треба да биде отворена по чистење и дезинфекција најмалку три часа пред да влезе следниот патник. Кога станува збор за авионскиот превоз во Грција, седиштата ќе бидат обележани со посебни ознаки каде може и каде не може да се седи за да се одржи потребното растојание.