Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан со јасна порака: Да се почитува парламентарното мнозинство

0
By Нова ТВ on March 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју објавено на сајтот на Европската комисија, по средбите со политичките лидери во земјава, вели важно е да се почитува Уставот, во кој е запишано дека е потребно мнозинство за формирање влада.

– Победник може да биде партијата која не е број еден, победник може да биде партија или партии кои освоиле најмногу места во Парламентот, значи постојат различни дефиниции. Уште еднаш, она што е релевантвно на крајот е која формација може да обезбеди мнозинство, веродостојно мнозинство во Парламентот, бидејќи по сите овие години на внатрешни разговори и фокусирања на политичките прашања, мислам дека е важно да се води грижа за евроатлантската перспектива, да се одговори на економските предизвици и безбедносните прашања. На државата и треба стабилна влада  и влада која е посветена на реформската агенда што народот го очекува и се надевам дека ова конечно ќе биде исполнето, вели Хан.

Еврокомесарот дополнува дека Парламентот е местото каде што се одлучува и каде треба да се води дебата, и ЕУ очекува што поскоро внатре да се одвиваат конструктивни разговори а не попречувања.

На прашањето дали го поддржува Иванов, кој нема намера да го даде мандатот додека СДСМ не се откаже од платформата на Албанците, Хан вели во интерес на земјата е секој фактор кој има своја улога, треба да биде свесен за неговите одговорности и обврски, да го почитува Уставот  и доколку има предлог, ако има владина програма која е базрана и го почитува Уставот,  тогаш тој мора да се согласи  и да го поддржи формирањето на таа влада.

Јоханес Хан смета дека решението на кризата е да се почитуваат демократските правила и стандарди кои се напишани во Уставот, односно кога има мнозинство за Влада од кого и да е,  тоа мора сите да го почитуваат.

Исто така, еврокомесарот потенцира дека ја почитува функцијата на Ѓорѓе Иванов како претседател, но дека треба да биде во државава и како активен чинител да донесе одлуки за надминување на политичката ситуација.

– Мислам дека тој е надвор од државата, во државна посета и јас ја почитувам Канцеларијата на Претседателот во една демократска земја и не сакам да го коменирам ова. Но претпоставувам дека во вакво време, веројатно е многу важно да се биде во земјата и да се грижи. Посебно што улогата на претседателот е одлучувачка и сите очекуваат тој да учествува и да има проактивна улога, да придонесе за мирно решение на тековните преговори, одговара Хан.

Тој порачува дека важно е почитувањето на различните етникуми во оваа земј, да се живее заедно на мирен начин, што подразбира меѓусебно почитување.

– Разбирливо е различни делови од општествоото да имаат различни гледишта, но она што го слушнав од разговорите е дека сите се посветени на почитување на Уставот и тоа е важно, сите да го следат Уставот. Но она што е важно за мене е владината програма, тоа е одлучувачко и нешто за што политичките партии и претставници треба да преговараат, вели Хан.

Влада еврокомесар Иванов Јоханес Хан Македонија парламент средби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.