Бројката на повредени од судирите помеѓу полицијата и граѓаните во Каталонија е во пораст, и според регионалните власти, 337 луѓе кои сакале да го остварат своето право на глас се повредени.

Претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон, ја осуди „прекумерната агресија“ врз луѓето кои гласаат, додека Владата на Шпанија цврсто се спротиставува на референдумот.

(ВИДЕО) Брутална употреба на сила од полицијата во Каталонија

Според портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, Шпанија нема видено ваква брутална употреба на сила уште од времето кога владееше Франциско Франко. Сепак тој најави дека нема никогаш да се предадат во борбата за демократија.

„Бранењето на демократијата нема цена и секогаш вреди да се бориме за тоа“, изјави Турул.