Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрвати во Австрија за првите денови под мерките за невакцинирани: Се чувствуваме како криминалци, во јавен превоз можеме, на пазар не

0
By Sashko on November 16, 2021 СВЕТ
Фото: rhinocarhire.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 16, 2021 21:14

Со 65% вакцинирани граѓани, Австрија дефинитивно не е на дното на светската скала за вакцинација, но сепак е првата земја која воведе ригорозни мерки за невакцинираните.

Заклучувањето на невакцинираните во голема мера ги искомпликува животите на многу австриски граѓани. Од вчера не смеат нигде освен во продавница во која се продаваат основни производи. Покрај купувањето на намирници, тие можат да посетат лекар, да одат во аптека или на работа, а можат да добијат и посебна дозвола да се движат по улица, доколку чуваат повозрасна или изнемоштена личност. Во сите други случаи, тие се осудени да останат во своите домови.

Како изгледа животот под најстрогата мерка на светот? – РТЛ разговараше со неколку Хрвати кои моментно живеат во земјата.

Од кога почна, слушаме дека се изречени многу казни, казнети се прекршителите на законот кои не се вакцинирани и отишле во кафе бар или на друго место. Не смеете да одите на прошетка или да лутате во друг дел од градот без причина, рече Синиша Шпољариќ, кој долги години живее во Австрија.ж

И покрај строгите рестрикции, вели дека сè уште не размислувал за вакцинација, бидејќи смета дека има многу необјасниви околности. Тој, исто така, истакнува дека не е „антиваксер“ и оти инаку верува во медицината.

Досега се тестирав трипати неделно, во понеделник, во среда и во петок. Тоа е нормално, одиме на тестирање и тоа е тоа. Мислам дека вестите најмногу ги оптоваруваат луѓето и ги прават понервозни, објаснува Синиша, кој смета дека моментната ситуација на терен не е толку ригорозна како што изгледа.

Тања, Хрватка, која исто така живее во Австрија, за РТЛ објаснува дека оваа нова затворска казна не ѝ го променила многу животот, бидејќи до пред неколку дена „невакцинираните веќе биле исфрлени од речиси се“.

До пред неколку дена се дозволуваше влез само во музеите, а сега веќе не. Според мене, најкритична и најсомнителна разлика е забраната за влез во продавниците. Смееме во јавниот превоз каде има гужви, но не и на пазар, вели Тања која на сето тоа гледа како нарушување на квалитетот на живот без добра причина.

„Се чувствувам како криминалец при помислата да одам во продавница за алати или продавница за хоби, каде и онака се носат FFP маски. Или не знам дали можам да го однесам велосипедот на поправка, а тоа би ми овозможило да го избегнам јавниот превоз, што всушност придонесува за намалување на контактите“, смета Тања.

„Ова не е баш блокада како што беше минатата година, туку делумно. Невакцинираните лица не смеат да одат на големи собири како концерти, свадби и родендени со повеќе од 25 лица и сл. На секои два дена мора да прават PCR тест и да носат FFP2 маска. Сè уште имаме важечко 3G правило (тестирано, болно или вакцинирано) на работа, но наскоро ќе биде 2G (болен или вакциниран). Ако сакате да одите во ресторан да јадете, мора да направите ПЦР тест, иако сте вакцинирани“, вели Ајрис Бел, професорка која од неодамна живее во Виена, додавајќи дека во моментот има огромни гужви на пунктовите за вакцинација.

Австрија Ковид-19 мерки невакцинирани Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.