Јеменските бунтовници Хути, кои се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, денеска соопштија дека извршиле напад врз Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), откако властите во заливската држава пријавија два пожара во престолнината Абу Даби што веројатно биле предизвикани од беспилотни летала.

Како што пренесува „Ројтерс“, полицијата во Абу Даби во соопштение наведе дека три камиони цистерни експлодирале во индустриската област, во близиуна на складиштата на нафтената компанија АДНОК, како и дека изби пожар на градилиште на Меѓународниот аеродром во Абу Даби.