Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илјадници бунтовници од Дума евакуирани во северозападна Сирија

0
By Нова ТВ on April 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 10, 2018 14:30

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека 67 автобуси, кои превезуваат стотици евакуирани борци на групата Армија на исламот и членови на нивните семејства, пристигнале во областите под контрола на бунтовниците недалеку од Алепо.

Се очекува да го напуштат градот Дума во реонот на Источна Гута во близина на Дамаск, откако беше ослободен од сириската армија по двомесечна офанзива, објави провладиниот весник „Ватан“.

Според руското Министерство за одбрана, 3.600 екстремисти и членови на нивните семејства ја напуштиле Дума во последните 24 часа, како дел од договорот постигнат под покровителство на Русија. Во рамки на договорот Армија на исламот, која го контролираше градот, ослободи стотици заробеници и заложници.

Договорот стапи во сила во неделата, неколку часа откако хуманитарни организации инфромираа дека во саботата во градот бил извршен напад во кој се претпоставува дека било употребено хемиско оружје, при загинале десетици лица.

Со падот на Дума, силите на лојални на сирискиот претседател Башар Асад ја повратија контролата врз Источна Гура, најсилното упориште на бунтовниците во близина на Дамаск.

Се проценува дека за четири недели реонот го науштиле над 133.000 лица, а хуманитарните организации на ОН се уште немаат пристап до оваа област.

Околу 45.000 бегалци се сместени во осум прифатни центри во близина на Дамаск. Приближно ист број на жени, деца и возрасни лица ги напуштиле пренатрупаните центри, откако биле проверени од владини служби.

– Знаеме дека таквите проверки се спроведуваат врз цивилите кои бегаат од Источна Гута, но ние не сме учесници во договорите за евакуација или во нивната реализација, изјави портпаролот на Вискиот комесаријат за бегалци на ОН, Андреј Махечиќ.

Западните земји тврдат дека офанзивата на владините сили во Источна Гута претставува прекршување на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за целосен прекин на огнот во Сирија. Но, Дамаск и Москва сметаат дека прекинот на огнот не опфаќа и оваа енклава и нагласуваат дека офанзивата е неопходна за ставање крај на контролата на исламистичките бунтовници над регионот со големото цивилно население и за запрање на артилериските напади врз сирискиот главен град.

бегалци бунтовници Дума евакуација ОН Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.