Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Именуваните државни функционери одат на минималец, не и јавната администрација

0
By Нова ТВ on March 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2020 14:49

Сите избрани и именувани државни функционери на централно и на локално ниво ќе примаат минимална плата од 14.500 денари за месеци април и мај, истакна премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција на која го претстави второт сет на економски мерки на Владата за справување со корона-кризата кој е обемен и опфаќа 17 точки.

Претседателот на Влада притоа потенцира дека таков надомест нема да земаат претседатели и членови на управни и надзорни одбори кои, истовремено, остваруваат приходи од друго место, како и дека мерката не се однесува на вработените во јавната администрација.

Со оваа мерка, прецизираше, се опфатени претседателот на државата, претседателот на Собранието,  пратениците, претседателот на Владата,  сите министри, заменици министри државни  секретари,  директори на државни институции,  градоначалници и сите други  именувани лица  на национално и на локално ниво.

„Сите избрани и именувани функцонери, од претседателот, па до најниско ниво директори на државно и локално ниво, ќе одат на минимална плата затоа што сметаме и јас и Владата дека ако треба да направиме солидаризирање тогаш ние треба тоа да го направиме први. И јас како претседател на Владата, и министрите и замнеииците министри, и државните секретари, и пратениците и директорите и градоначалниците. Сите до еден треба да ја покажеме солидарноста“, рече премиерот Спасовски.

Тој во обраќањето пред јавноста рече дека мерките се креирани во консултација со членовите на економскиот Совет и низ разговари со деловната заедница преку стопанските комори, како и со академската заедница и стопанственици од реалниот сектор.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на различните ставови на СДСМ чиј лидер побара намалување на платата на амдминистрацијата и на ДУИ кои беа против тоа, Спасовски истакна дека при носење на одлуката не биле соочувани аргументи на партиите, туку аргументи на бројките и анализите.

„Затоа сметавме дека првин функционерите мора да ја понесат таа одговорност  и солидарност. Апсолутно не станува збор за добивање битка. Ако некој смета дека во услови на криза може да добие битки многу се лаже и многу греши“, нагласи Спасовски.

Министерот за економија Крешник Бектеши, потенцираше дека сме во кризна ситуација и оти нема победници во склоп на Владата.

„Имаме одлични односи во Владата, како ДУИ сме го кажале нашиот став  како и сите други партии.  Како економски тим на Владата предводена од премиерот Спасовски сме ги зеле предвид сите предлози на политочките партии, стопанските комори, граѓанските организации и граѓаните со цел да креираме што подобри мерки за да воиајеме како држава за да не се изгубат работни места“, рече Бектеши.

Дел од мерките што ги претстави Спасовски се однесува и на финансиска поддршка за претпријатијата за исплата на плати за вработените во висина од 14.500 денари. Минимална плата за април и мај ќе биде обезбедена и за спортските работници, за медиумските работници, за самостојните уметници, како и придонесите на плата, а 50 проценти од висината на просечната плата ќе биде обезбедена за граѓаните кои останале без работа.

администрација Влада мерки минимална плата Оливер Спасовски функционери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.