НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имот на Ѓоковиќ: Станови во САД, во Порто Монтенегро, во Монте Карло е сосед со Хамилтон и Возњацки

0
By Нова ТВ on July 21, 2019 СПОРТ
Фото: hellomagazine.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ, според податоци на интернет, досега заработи 134,6 милиони долари во кариерата. Кон нив, неодамна, додаде 2,6 милиони евра за освоената титулата на Вимблдон, моментно ужива со семејство на одмор на Корчула, а меѓу најблиските е познат по желбата да вложува (купува) недвижности, па нема да биде изненадување ако дел од сумата во лондонскиот чек да „претопи“ во нов пентахус.

Моментно ги има неколку на различни елитни локации и со совршен поглед кон море, се разбира, каде што го има. Сопственик е на три во САД (два во Њујорк и еден во Мајами), еден во Монте Карло, еден во Порто Монтенегро во Црна Гора, еден во Белград, вила во срцето на Срем.

Адреси на Менхетен во дела на италијанскиот архитект Ренцо Пиано

Познатиот весник „Вол Стрит Џурнал“ пред две години објави вест за шопингот на Ѓоковиќ во Њујорк. Најдобриот светски тенисер во моментот купил два стана на Менхетен со вкупно 185 квадрати за кои се шпекулира дека издвоил дури 5,4 милиони долари. Двата се наоѓаат во објекти потпишани од познатиот италијански архитект, Ренцо Пиано чиј фан е српскиот тенисер.

„Ми се допаѓа дизајнот на двете згради, но и локацијата е фантастична“, изјави во таа прилика Ѓоковиќ за двата стана во кои на располагање, покрај останатите содржини, има и базен со солена вода.

Станбена единица крај Мајами Бич, исто така со потпис на Пиано

Покрај двата стана во Њујорк, Ѓоковиќ, речиси во истовреме, купи стан и во Мајами што, исто така, е идејно решение на Пиано и се претпоставува дека тоа задоволство го чинело 6 милиони долари. Станбената единица е сместена на самиот брег на Мајами Бич и важи како идеално место за мирен семеен живот со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара. Семејството во него има на располагање по три соби и купатила, спа, џакузи, фитнес центар, базен и приватен парк.

„Бев воодушевен од неверојатната услуга, ексклузивниот пристап до паркот, панорамскиот поглед на морето и копното. Мојата фамилија овде ќе има совршен живот. Воодушевен сум и од дизајнот на зградата. Мајами и Њујорк се чести дестинации на мојата листа на патувања и извонредно е што имам каде да престојувам кога сум во САД и да се чувствувам како дома“, рече тогаш Ѓоковиќ.

Монте Карло како резиденција

Фото: destination360.com

Монте Карло е локацијата каде Новак Ѓоковиќ минува најголем дел од времето, но и локација во која водечкиот на АТП листата вложи најмногу. Добро е познато дека дестинацијата на Кнежевството ја одбра како резиденција, па затоа важи и за најобемна негова инвестиција.

Станот се наоѓа вои најелитниот дел од градот, на сама плажа, а негови соседи се данската колешка, Каролина Возњацки и британскиот пилот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Пентхаус во белградската населба Вест 65

Фото: wdconcordwestdoo.com

Новак Ѓоковиќ одамна е сопственик на стан и во елитната населба Вест 65 во Белград. Се простира на површина од 250 квадрати, има 100 квадрати тераса со базен и три гаражни места и се верува дека за тоа задоволство издвоил 545.000 евра.

Порто Монтенегро во Тиват

Фото: godubrovnik.com

Ѓоковиќ од пред неколку години има стан и во Црна Гора, поточно, во најелитниот дел на Порто Монтенегро во Тиват. Неодамна го реновира и, според медиумите, го купил за своја душа, за одмор на семејството и, пред се, за синот Стефан.

Вила во срцето на Срем

Фото: mitrovica.info

Своја оаза за мир, Ѓоковиќ има и во срцето на Срем. Вилата е лоцирана на брегот на Павловачко езеро и изградена е во природа. Плацот се простира на површина од неколку хектари, самиот објект е со големина од 1.200 квадрати.

Имот Монте Карло Недвижности Новак Ѓоковиќ САД Србија Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.