Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Македонија со 32 фудбалери во 31 европска лига

0
By Нова ТВ on November 28, 2016 СПОРТ
Фото: forzapalermo.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија се најде на 39 место на листата на земји извознички на фудбалери на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) со седиште во Нојшател, Швајцарија. Во истражувањето се опфатени 31 национално првенство во УЕФА зоната. Само тројца од нив играат во петте најквалитетни европски лиги (Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција), во случајот сите во Серија А (Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски).

Фото: gazzetta.it
Фото: gazzetta.it

Словенија со 38 играчи (13 во „Лига 5“) е на делба на 34 место со Колумбија. Едно место над нив е Црна Гора со 39 (двајца во „Лига 5“), БиХ е на 16 позиција со 80 (пет во „Лига 5“), Хрватска е седма со 141 (33 во „Лига 5“), а најголем извозник на фудбалери од државите на поранешна Југославија е Србија, на четвртото место, со 189 од кои 39 во „Лига 5“.

Александар Трајковски

Најголем извозник, пак, на глобално ниво е Бразил. Според податоците на ЦИЕС, во 31 фудбалска лига на стариот континент играат вкупно 469 Бразилци. Зад нив е Французите со 312 играча надвор од нивната Лига 1. Трета е Шпанија со 201 интернационалец, а топ 5 завршува со Аргентина со 168.

Обработен е бројот на странци само во петте најсилни европски лиги (Примера, Премиерлига, Бундеслига, Серија А и Лига 1). Во нив доминираат Французите со 116 фудбалери, Бразилци има 114, Аргентинци се 97 и по 48 Швајцарци и Белгијци.

Најмногу странци (65,4 отсто), пак, има во фудбалскиот шампионат на Кипар. Повеќе од 50 отсто интернационалци играат во Суперлигата на Турција (62 отсто), во англиската Премиерлига (61,8 отсто), во белгиската Жупилие лига (60 отсто), во италијанската Серија А (56,2 отсто), во португалската Примеира (53,5 отсто) и во шкотската Премиерлига (50,5 отсто).

Покрај петте најквалитетни шампионати во Европа во истражувањето се опфатени и првенствата на Словенија, Хрватска, Србија, Австрија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, Грција, Холандија, Израел, Кипар, Унгарија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словачка, Шкотска, Шведска, Швајцарија, Турција и Украина.

 

Бразил истражување Македонија Меѓународен центар за спортски студии Франција фудбал Швајцарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.